Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈАКОВ 3

3
За зауздување на јазикот
1Не бидете, браќа мои, мнозина од вас учители, зашто знаеме дека ќе бидеме построго осудени за тоа. 2Зашто сите ние грешиме многу. Ако некој не греши во зборувањето, тој е совршен човек, способен да го заузда и целото свое тело. 3И кога на коњите им ставаме узда во устата, за да ни се покоруваат, и можеме да управуваме со целото нивно тело. 4Ете, и корабите, иако се толку големи и се гонети од силни ветрови, со нив управува мошне мала крмичка, каде што сака кормиларовата волја. 5Така и јазикот е мал член, но се фали со големи работи. Ете, како мал оган запалува голема шума! 6И јазикот е оган, свет на неправда; јазикот се наоѓа меѓу нашите членови: го онечистува целото тело и, потпален од пеколот, го запалува текот на нашиот живот.
7Зашто, секаков вид ѕверови и птици, лазачи и морски животни, се скротуваат и се скротени од човечкиот род, 8но никој од луѓето не може да го скроти јазикот, немирно зло, полн со смртоносен отров. 9Со него Го благословуваме нашиот Господ и Татко, и со него ги проколнуваме луѓето, кои се создадени според Божјо подобие. 10Од истата уста излегува благослов и проклетство. Тоа не смее, браќа мои, да биде така. 11Тече ли од изворот, од ист отвор, слатка и горчлива вода? 12Може ли, браќа мои, смоквата да роди маслинки, или лозата смокви? Така ни солениот извор не може да даде слатка вода.
За вистинска мудрост и дух на светов
13Кој е меѓу вас мудар и разумен? Со добро владеење нека ги покаже своите дела во мудра смиреност. 14Ако ли пак во своето срце имате горчлива завист и карање, не се фалете и не лажете против вистината! 15Тоа не е мудрост, која слегува одозгора, туку е земна, душевна, демонска; 16зашто каде се зависта и карањато, таму е неред и секакво лошо нешто. 17А мудроста која доаѓа одозгора, пред сѐ: е чиста, потоа мирољубива, блага, покорна, полна со милост и добри плодови, непристрасна и нелицемерна. 18А плодот на правдата се сее во мир, за оние кои создаваат мир.

Селектирано:

ЈАКОВ 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност