Јаков 1:1-4
Јаков 1:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Од Јаков, служител на Бог и на нашиот Господ Исус Христос. Поздрав до дванаесетте племиња, распрснати низ целиот свет. Радувајте се, христијани, кога минувате низ разни искушенија, зашто знаете дека колку повеќе вашата вера се проверува, толку поистрајни станувате. Морате да научите се да издржите, за да станете зрели, целосни и ништо да не ви недостасува.
Јаков 1:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Јаков, слуга на Бога и на Господ Исус Христос, испраќа поздрав до дванаесетте племиња, кои живеат раселени. Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека проверката на вашата вера создава трпеливост: трпеливоста, пак, нека биде совршено дело за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток.
Јаков 1:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Јаков, слуга на Бога и на Господа Исуса Христа, до дванаесетте распрснати племиња, поздрав. Сметајте ја за чиста радост браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпение! А трпението нека има совршено дело, за да бидете совршени и потполни: без никаков недостаток.