Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јаков 1

1
1Јаков, слуга на Бога и на Господа Исуса Христа, до дванаесетте распрснати племиња, поздрав.
2Сметајте ја за чиста радост браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија,
3знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпение!
4А трпението нека има совршено дело, за да бидете совршени и потполни: без никаков недостаток.
5Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој им дава на сите изобилно и без укор - и ќе му се даде.
6Но да моли со вера, без никакво сомнение; зашто оној кој се сомнева е сличен на морскиот бран кого ветерот го издига и го тера.
7Таквиот човек да не мисли, дека ќе прими нешто од Господа.
8Човекот со разделена душа е непостојан во сите свои патишта.
9Бедниот брат да се фали во својата возвишеност,
10а богатиот во својата понизност, зашто ќе помине како цветот на тревата.
11Зашто сонцето изгреа со жега и ја осуши тревата, па нејзиниот цвет отпадна и исчезна убавината на нејзиниот изглед. Така и богатиот ќе овене во своите патишта.
12Блажен е човекот, кој поднесува искушение, зашто кога ќе биде испитан, ќе прими венец на живот, што Бог им го ветил на оние, кои Го љубат.
13Ниеден, кој е искушуван, да не рече: „Бог ме искушува.” Зашто, Бог не се искушува од злото, и Самиот никого не искушува.
14Туку, секого го искушува неговата сопствена похот, која го влече и го мами.
15Потоа похотта зачнува и раѓа грев, а направениот грев раѓа смрт.
16Не заблудувајте се, возљубени браќа мои.
17Секој добар дар и секој совршен подарок доаѓа одозгора, од Таткото на светлината, во Кого нема измени, ниту сенка од промена.
18Тој нè роди според Својата волја преку Словото на вистината, за да бидеме првина на Неговите созданија.
19Знајте го ова, возљубени браќа мои: секој човек да биде брз во слушањето, а бавен во зборувањето, бавен на гнев,
20зашто човечкиот гнев не создава правда пред Бога.
21Затоа отфрлете од себе: секаква нечистота, и последниот остаток на злобата, и примете го со кротост во вас насаденото Слово, кое може да ги спаси вашите души.
22Но бидете извршители на Словото, а не само слушатели, кои се измамуваат себеси.
23Зашто, кој го слуша Словото, а не го извршува, сличен е на човек, кој го набљудува своето природно лице во огледало;
24ќе се погледне и ќе замине, и веднаш заборава каков бил.
25А кој ќе се загледа во совршениот закон на слободата и остане во него, не како заборавлив слушател, туку како вистински извршител, тој ќе биде блажен во својата дејност.
26Ако некој мисли дека е побожен, а не го зауздува својот јазик, туку го мами своето срце, неговата побожност е суетна.
27Ова е чиста и неизвалкана побожност пред Бога и Таткото: да бидат посетувани сираците и вдовиците во нивните неволји, и самиот да се пази себеси непорочен од светот.

Селектирано:

Јаков 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност