Создавање 13:5-9
Создавање 13:5-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А и Лот, кој одеше со Аврам, имаше ситен и крупен добиток и шатори. И земјата беше тесна, за да живеат заедно, бидејќи имотот нивни беше толку голем, што не можеа да живеат заедно. И стана караница меѓу пастирите на Аврамовиот добиток и пастирите на Лотовиот добиток. А во таа земја живееја тогаш Хананци и Перизијци. Затоа Аврам му рече на Лот: „Не треба да се караме јас и ти, ни моите пастири со твоите пастири, зашто сме роднини. Не е ли пред тебе целата земја? Оддели се од мене. Ако тргнеш ти на лево, јас ќе тргнам на десно; ако ти појдеш на десно, јас, пак, на лево.“
Создавање 13:5-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Исто и Лот, кој го придружуваше Аврама, имаше овци, говеда и шатори, така што земјата не можеше да ги издржува доколку останеа заедно. Нивниот имот беше голем и не можеа да престојуваат заедно. Меѓу пастирите на Аврамовиот добиток и пастирите на Лотовиот добиток, избувнуваше спор. Во тоа време Ханаанците и Ферезејците живееја во таа земја. Затоа Аврам му рече на Лота: „Да не спориме јас и ти, ни моите пастири и твоите пастири, зашто сме браќа. Не е ли пред тебе целата земја? Оддели се од мене! Ако тргнеш налево, јас надесно; ако тргнеш надесно, јас налево.“