А и Лот, кој одеше со Аврам, имаше ситен и крупен добиток и шатори. И земјата беше тесна, за да живеат заедно, бидејќи имотот нивни беше толку голем, што не можеа да живеат заедно. И стана караница меѓу пастирите на Аврамовиот добиток и пастирите на Лотовиот добиток. А во таа земја живееја тогаш Хананци и Перизијци. Затоа Аврам му рече на Лот: „Не треба да се караме јас и ти, ни моите пастири со твоите пастири, зашто сме роднини. Не е ли пред тебе целата земја? Оддели се од мене. Ако тргнеш ти на лево, јас ќе тргнам на десно; ако ти појдеш на десно, јас, пак, на лево.“
Прочитај Создавање 13
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 13:5-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа