Исто и Лот, кој го придружуваше Аврама, имаше овци, говеда и шатори, така што земјата не можеше да ги издржува доколку останеа заедно. Нивниот имот беше голем и не можеа да престојуваат заедно. Меѓу пастирите на Аврамовиот добиток и пастирите на Лотовиот добиток, избувнуваше спор. Во тоа време Ханаанците и Ферезејците живееја во таа земја. Затоа Аврам му рече на Лота: „Да не спориме јас и ти, ни моите пастири и твоите пастири, зашто сме браќа. Не е ли пред тебе целата земја? Оддели се од мене! Ако тргнеш налево, јас надесно; ако тргнеш надесно, јас налево.“
Прочитај БИТИЕ 13
Сподели
Спореди ги сите верзии: БИТИЕ 13:5-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа