Галатјаните 5:11-12
Галатјаните 5:11-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Што се однесува до обвинувањата против мене, драги пријатели христијани, дека јас се уште проповедам оти обрежувањето е неопходно, зошто тогаш Евреите ме прогонуваат? Да е така, она што јас го проповедам за Христовиот крст не би претставувало камен на сопнување за нив. Би сакал оние што ве збунуваат терајќи ве да се обрежете, да не застанат на обрежувањето, туку самите себе и да се кастрираат!
Сподели
Прочитај Галатјаните 5