Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 5

5
Не губете ја вашата слобода
1 # 2,4; Јн 8,32.36; Рим 8,2 Стојте во слободата, со која Христос нѐ ослободи, и не се подавајте пак под ропски јарем! 2Еве, јас, Павле, ви велам: ако се об­р­езувате, Христос ништо нема да ви помогне. 3#Рим 2,25; Јк 2,10А му сведочам пак на секој човек што се обрезува дека тој е должен да го почитува целиот Закон. 4Вие, што посакавте да се оправдувате со Законот, Го изгубивте Христос, отпаднавте од благодатта; 5#Рим 8,23-25а ние се надеваме и очекуваме оп­равдание од верата преку Духот. 6#6,15; 1 Кор 7,19; 13,13; 1 Тим 1,5Зашто во Христос Исус ниту обре­за­нието има сила, ниту необрезанието, ту­ку верата, која дејствува преку љубовта. 7#2,14; Јн 8,32Вие трчавте добро: кој ви попречи да не се покорувате на вистината? 8#1,6-7Тоа убедување не е од Оној Кој ве повика. 9#1 Кор 5,6Малку квас го потквасува целото тесто. 10Јас сум уверен за вас во Господ дека вие нема да мислите инаку; а оној, кој ве збунува, – кој и да бил, – ќе претрпи осуда. 11#1 Кор 1,23А јас, браќа, ако обрезанието уште го проповедам, тогаш за што ќе ме гонат? Тогаш би исчезнала соблазната од крстот. 12О, да беа отсечени оние што ве бунеа!
Да се биде управуван од Духот, а не од похотите на човечката природа
13 # 1 Птр 2,16 Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг. 14#3 Мојс 19,18; Мт 5,43; 19,19; 22,39; Рим 13,8-10; Јк 2,8Зашто, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближ­ни­от како самиот себе. 15А ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете, пазете да не се истребите еден со друг. 16#5,25Ви велам: живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти. 17#Рим 7,15-23; 1 Птр 2,11Зашто, телото сака противни рабо­ти на духот, а духот – противни на телото; тие се спротивни еден на друг, за да не го правите она што сакате. 18#Рим 6,14; 8,14Ако ве води Духот, вие не сте под Законот. 19#1 Кор 6,9-10; Откр 22,15Делата на телото се познати. Тие се: блудство, нечистота, бесрамност, 20служење на идоли, маѓии, непријателство, кавги, ревнување, гнев, раздо­ри, расцепи, 21зависти, пијанство, пирови и други слични работи; однапред ви велам, како што ви реков и порано, дека оние што го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо. 22#Ефес 5,9А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, 23#1 Тим 1,9кротост, воздржливост. Против такви нема закон. 24#Рим 6,6Оние, пак, кои се Христови, го рас­пнаа телото свое со страстите свои и похотите. 25#5,16Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме.
Законот на Христос
26Да не бараме лажна слава, еден друг да не се предизвикуваме, еден на друг да не си завидуваме.

Селектирано:

Галатјаните 5: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност