Езекиел 1:4-9
Езекиел 1:4-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И видов: ете, бурен ветар доаѓаше од север и голем облак во него, а околу оган сјаеше; среде него светлина од злато и сребро; во средината негова, пак, видов призраци на четири животни – по обликот свој слични на човек; секое од нив имаше по четири лица, и секое од нив – по четири крилја; а нозете нивни – прави нозе, со перја, а стапалата нивни како телешки копита, и болскаа како измазнета бронза. А под крилјата нивни имаа човечки раце – на сите четири страни. Четирите животни имаа свои лица и крилја, крилјата нивни се допираа едно до друго, а кога одеа, тие не се свртуваа, туку врвеа секое во насока на лицето свое.
Езекиел 1:4-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)
Погледав, кога ете од север удри силен виор, голем облак, пламнат оган обвиткан со сјај; среде него, среде огнот, нешто слично на сјајна ковина. Среде тоа нешто како четири суштества по облик слични на човек; секое од нив со четири лица, во секое четири крила. Нозете им беа рамни, а стапалата како кај теле; светкаа како блескава бронза. Под крилата имаа на сите четири страни човечки раце. И секое од четирите имаше свое лице и свои крила. Крилата им се допираа едно со другото. Одејќи не се вртеа: секое се движе-ше напред.