И видов: ете, бурен ветар доаѓаше од север и голем облак во него, а околу оган сјаеше; среде него светлина од злато и сребро; во средината негова, пак, видов призраци на четири животни – по обликот свој слични на човек; секое од нив имаше по четири лица, и секое од нив – по четири крилја; а нозете нивни – прави нозе, со перја, а стапалата нивни како телешки копита, и болскаа како измазнета бронза. А под крилјата нивни имаа човечки раце – на сите четири страни. Четирите животни имаа свои лица и крилја, крилјата нивни се допираа едно до друго, а кога одеа, тие не се свртуваа, туку врвеа секое во насока на лицето свое.
Прочитај Езекиел 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Езекиел 1:4-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа