Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 1

1
1Во триесеттата година, во чет-вртиот месец, во петтиот ден, кога бев меѓу заробениците при реката Хевар, небесата се отворија, и јас видов Божјо видение.
2Во петтиот ден на истиот месец - во петтата година откако го одведоа во ропство царот Јоаким -
3Господовото слово му дојде на Езекиел, синот Вузиев, свештеник во Халдејската Земја, при реката Хевар. Господовата рака се спушти врз мене.
4Погледав, кога ете од север удри силен виор, голем облак, пламнат оган обвиткан со сјај; среде него, среде огнот, нешто слично на сјајна ковина.
5Среде тоа нешто како четири суштества по облик слични на човек;
6секое од нив со четири лица, во секое четири крила.
7Нозете им беа рамни, а стапалата како кај теле; светкаа како блескава бронза.
8Под крилата имаа на сите четири страни човечки раце. И секое од четирите имаше свое лице и свои крила.
9Крилата им се допираа едно со другото. Одејќи не се вртеа: секое се движе-ше напред.
10И во сите четири суш-тества беше човечко лице, во сите четири оддесно лавско лице; во сите четири одлево воловско лице; и о-релско лице во сите четири.
11Лицата им беа такви, а крилата им беа растегнати нагоре. Секое имаше две крила што се соединуваа и две крила со кои го покриваа телото.
12И секој одеше само напред. А одеа онаму каде што духот ги гонеше. И одејќи не се завртуваа.
13А среде тие суштества се гледаше нешто како некакви вжарени јаглења, како гламни што гореа, што се движеа меѓу нив; огнот светкаше, и молњи блескаа.
14Суштествата трчаа и пак се враќаа како секавица.
15Додека јас набљудував, ете: на земјата покрај секое од четирите суштества по едно тркало пред нивните лица.
16Тркалата му беа слични на хрисолит, сите четири со ист облик; според обликот и правењето беа како едното тркало да е во другото.
17При движењето можеа да одат во сите четири правци, а не требаа да се вратат.
18А краевите им беа високи и страшни, а кога набљудував подобро, ете, на сите страни полни со очи.
19Ка суштествата тргнуваа, тргнуваа со нив и тркалата, кога суштествата ќе се подигнеа од земјата, и тркалата се подигнуваа.
20Каде што ги гонеше духот, таму се движеа, а заедно со нив се подигаа и тркалата, зашто духот на суштествата беше во тркалата.
21Па кога суштествата ќе тргнеа, тргнуваа и колцата, а кога ќе застанеа тие, застануваа и тркалата, кога тие се подигаа од земјата, и тр-кала се подигаа со нив, зашто духот на суштествата беше во тркалата.
22Над главите на суштествата беше нешто како небесен свод, сличен на сјајен кристал, распрострен над нивните глави.
23А под сводот раскрилени крила, едно спрема другото: на секого по две крила му го покриваа телото.
24Го чув летањето на нивните крила како шум на големи води, како глас на Сèсилниот, а гласот на зборувањето како глас на војска. Кога суштествата застануваа ги спуштаа крилата.
25Од сводот над нивните глави се слушаше глас и кога застануваа, ги спуштаа своите крила.
26Над сводот над нивните глави беше нешто како каменот сафир, како престол: на тоа како престол, горе на него слично на некој човек.
27И видов како сјајна ковина, внатре и наоколу како оган; од неговата половина нагоре и од неговата половина надолу нешто како оган и како блесок на сите страни.
28Тој блесок на сите страни беше како божилак што при дождовни денови се јавува во облакот. Тоа беше нешто како Господовата слава. Видов, паднав ничкум и чув глас што ми зборуваше.

Селектирано:

Езекиел 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност