Дела 2:6-12
Дела 2:6-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога ја слушнаа бучавата, мнозина дотрчаа да видат што се случува и се збунија, зашто секој ги слушаше христијаните како зборуваат на неговиот јазик! Сите се чудеа и збунето, велеа: „Како е можно ова? Зар сите овие луѓе што зборуваат не се од Галилеја? Како, тогаш, секој од нас го слуша јазикот од својот роден крај? Меѓу нас има Парќани, Мидијци и Еламијци, потоа луѓе што живеат во Месопотамија, во Јудеја, во Кападокија, во Понт и во Азија, во Фригија и во Памфилија, во Египет, во областите на Либија близу до Киренеја, како и гости од Рим (Евреи и прозелити), луѓе од Крит и Арапи, и сите ние ги слушаме како зборуваат на нашите јазици за прекрасните дела што ги извршил Бог!“ Зачудени и збунети, еден на друг си велеа: „Што ли значи ова?“
Дела 2:6-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога се создаде тој екот, народот кој се насобра многу се збуни, бидејќи секој ги слушаше како зборуваат на неговиот сопствен јазик. И сите вџашени и восхитени, говореа: „Овие што зборуваат, зар не се сите Галилејци? Па како тогаш слушаме како секој од нив зборува на нашиот мајчин јазик? Парти, Мидијци, Еламити и жителите од Месопотамија, Јудеја и Кападокија, од Понт и Азија, Фригија, Памфилија, од Египет и од краиштата на Либија покрај Киринеја, па и привремено дојдените Римјани. Како ние Јудејците, така исто и придојдените, Критјани и Арапи, еве слушаме како тие зборуваат за големите дела Божји на нашите јазици?“ Сите се чудеа и во недоумение си зборуваа еден со друг: „Што ли ќе биде ова?“
Дела 2:6-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога се чу шумот, се собра народот и се збуни, зашто секој слушаше како зборуваат на неговиот јазик. Сите се восхитуваа и чудеа, велејќи: „Ете, зар сите што зборуваат не се Галилејци? Тогаш како ние го слушаме секој својот јазик, во кој сме родени? Партјаните, и Мидјаните и Елемитите и жителите на Месопотамија, Јудеја и Кападокија, Понт и Азија, Фригија и Памфилија, Египет и од краиштата на Ливија, околу Киринија; и Римјаните кои дошле, Јудејците и прозелитите, Критјаните и Арабјаните: ги слушаме како зборуваат на нашите јазици, за големите Божјите дела.“ Сите се восхитуваа и во недоумение си велеа еден на друг: „Што може да биде ова?“