Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 2

2
Педесетница – Излевање на Светиот Дух
1Кога дојде денот Педесетница, сите апостоли беа заедно и на исто мес­то. 2#4,31; Јн 3,8Тогаш ненадејно се создаде шум од небото, како силен ветар кога дува, и ја исполни целата куќа, каде што седеа. 3#4 Мојс 11,25И им се јавија јазици како од пламен, кои се разделуваа и се спуштија по еден над секого од нив посебно. 4И сите се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат. 5Тогаш во Ерусалим имаше Јудејци, побожни луѓе, од секој народ под не­бо­то. 6Кога се создаде тој екот, народот кој се насобра многу се збуни, бидејќи секој ги слушаше како зборуваат на неговиот сопствен јазик. 7И сите вџашени и восхитени, гово­реа: „Овие што зборуваат, зар не се сите Галилејци? 8Па како тогаш слушаме како секој од нив зборува на нашиот мајчин јазик? 9Парти, Мидијци, Еламити и жи­те­лите од Месопотамија, Јудеја и Ка­па­до­кија, од Понт и Азија, 10Фригија, Памфилија, од Египет и од краиштата на Либија покрај Киринеја, па и привремено дојдените Римјани. 11#10,45-46Како ние Јудејците, така исто и придојдените, Критјани и Арапи, еве слушаме како тие зборуваат за го­лемите дела Божји на нашите јазици?“ 12Сите се чудеа и во недоумение си зборуваа еден со друг: „Што ли ќе биде ова?“ 13#1 Кор 14,23А други, потсмевајќи се, велеа: „Се напиле со слатко вино!“
Беседата на Петар
14Тогаш Петар стана со единаесетте, го подигна гласот свој и им рече: „Луѓе Јудејци и вие сите што живеете во Еру­салим, знајте го ова и внимателно слуш­нете ги моите зборови; 15овие луѓе не се пијани, како што мислите вие, зашто е третиот час#2,15 Околу 9 часот претпладне. од денот: 16но ова е претскажаното преку пророкот Јоил: 17#Јоил 3,1-5‚И ете во последните дни, рече Бог, ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат синовите ваши и ќер­ки­те ваши, и младичите ваши ќе имаат ви­денија и старците ваши ќе сонуваат со­ништа. 18#4 Мојс 11,29И во тие дни, врз слугите Мои и слугинките Мои ќе излеам од Мојот Дух, и тие ќе пророкуваат. 19И ќе покажам чудеса на небесата и знаци долу на земјата – крв, и оган, и чад. 20#Амос 5,18-20Сонцето ќе се претвори во темнина, а месечината во крв, и тоа уште пред да настапи големиот и славен ден Госпо­дов. 21#4,12; Рим 10,13; 1 Кор 1,2И тогаш, секој што ќе го повика името Господово, ќе се спаси.‘ 22Луѓе Израелци, слушнете ги овие зборови: Исус од Назарет, Човекот пос­ведочен пред вас од Бога со сили, чудеса и знаци, кои, како што и сами знаете, ги направи Бог преку Него, 23предаден по определениот Божји план и предзнаење, вие Го фативте, Го распнавте со рацете на беззакониците и Го убивте. 24#Пс 18,3-5Но Бог Го воскресна, откако Го ос­лободи од смртните маки, бидејќи смртта немаше сила да Го задржи. 25#Пс 16,8-11Зашто Давид за Него вели: ‚Секо­гаш Го гледав Господ пред себе. Тој е од мојата десна страна, за да не се поместам. 26Затоа се развесели срцето мое и се возрадува јазикот мој; а уште и телото мое ќе почива во надеж; 27#13,34-37зашто Ти нема да ја оставиш ду­ша­та моја во Адот, ниту, пак, ќе дозволиш Твојот праведник да види распаѓање. 28Ти си ми ги покажал патиштата на животот; Ти ќе ме исполниш со радост преку лицето Свое.‘ 29Мажи браќа, нека ми е дозволено да ви зборувам слободно за прататкото Давид, дека тој умре и беше погребан, а гробот негов е меѓу нас сѐ до де­неш­ниов ден. 30#2 Сам 7,12-13; Пс 89,3; 132,11Па, бидејќи беше пророк и знаејќи дека Бог му беше ветил со заклетва де­ка ќе постави некој од плодот на него­вите бедра на престолот Свој, 31#Пс 16,10предвиде и кажа за воскресението на Христос дека нема да биде оставен во Адот и дека телото Негово нема да види распаѓање. 32Овој Исус Го воскресна Бог. За тоа сме ние сите сведоци. 33#1,4И затоа, Тој, откако беше воздигнат со десницата Божја и Го прими од Оте­цот ветувањето на Светиот Дух сега Го излеа. Тоа е она што го гледате сега вие и го слушате. 34#Пс 110,1Зашто Давид не отиде на небесата, но самиот кажа: ‚Му рече Господ на мојот Господ: Седни од Мојата десна страна, 35#Лк 20,43додека не ги поставам непријате­ли­те Твои во подножјето на нозете Твои.‘ 36#Мт 10,6; 15,24И затоа, нека знае со сигурност си­от Израелов дом дека Оној Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Гос­под и Христос.“
Првите покрстувања
37Кога го слушнаа тоа, им се растре­перија срцата, и му рекоа на Петар и на другите апостоли: „Луѓе браќа, што да правиме?“ 38#5,31; 13,38-39; Лк 24,47-48А Петар им рече: „Покајте се и се­кој од вас да се крсти во името на Исус Христос за простување на гревовите; и тогаш ќе примите дар од Светиот Дух. 39#Ис 57,19; Јоил 3,5Зашто вам ви припаѓа она ветување и на вашите деца и на сите што се дале­ку, што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.“ 40#5 Мојс 32,5; Мт 17,17; Гал 1,4; Фил 2,15И со многу други зборови све­до­че­ше и ги молеше, велејќи: „Спасувајте се од овој пакостен род!“ 41И така оние што од срце ги примија неговите зборови, се крстија и се при­соединија во тој ден околу три илјади души.
Животот во првата христијанска заедница
42 # 2,46; Лк 24,35 И беа истрајни во учењето на апостолите, во заедничкиот живот, во пре­кршувањето на лебот и во молитвите. 43#20,7-11И страв ја обзеде секоја душа, заш­то многу чудеса и знаци се вршеа преку апостолите. 44А сите што веруваа, беа заедно и сѐ им беше заедничко; 45продаваа имоти и сопствености и на секого му раздаваа колку што му беше потребно. 46И секој ден еднодушно престојуваа во храмот и, прекршувајќи леб по ку­ќи­те, се хранеа со радост и со чисто срце. 47#4,21; 11,18; 13,48; 21,20; 2 Кор 2,15Го фалеа Бога и стекнуваа благонаклонетост кај сите луѓе. А Господ секој ден ги придодаваше спасените кон нивното мноштво.

Селектирано:

Дела 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност