Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела Ап. 2:6-12

Дела Ап. 2:6-12 MNT

Кога ја слушнаа бучавата, мнозина дотрчаа да видат што се случува и се збунија, зашто секој ги слушаше христијаните како зборуваат на неговиот јазик! Сите се чудеа и збунето, велеа: „Како е можно ова? Зар сите овие луѓе што зборуваат не се од Галилеја? Како, тогаш, секој од нас го слуша јазикот од својот роден крај? Меѓу нас има Парќани, Мидијци и Еламијци, потоа луѓе што живеат во Месопотамија, во Јудеја, во Кападокија, во Понт и во Азија, во Фригија и во Памфилија, во Египет, во областите на Либија близу до Киренеја, како и гости од Рим (Евреи и прозелити), луѓе од Крит и Арапи, и сите ние ги слушаме како зборуваат на нашите јазици за прекрасните дела што ги извршил Бог!“ Зачудени и збунети, еден на друг си велеа: „Што ли значи ова?“