2 Солуњаните 3:14-18
2 Солуњаните 3:14-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Посочете ги луѓето што не се придржуваат до упатствата што ви ги дадовме во ова писмо. Престанете да се дружите со нив, за да се посрамат. Немојте да ги сметате за свои непријатели, туку советувајте ги како членови на вашето духовно семејство. Господ нека биде секогаш со вас и нека ви дава мир во секакви околности, зашто Самиот Тој е извор на мирот. Како и во сите мои писма, ве поздравувам со своерачен потпис: Павле. Нашиот Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет на сите.
2 Солуњаните 3:14-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако некој не ги послуша нашите зборови од ова послание, обележете го и не дружете се со него, за да се посрами; но не сметајте го за непријател, туку поучувајте го како брат. А Сам Господ на мирот нека ви даде мир секогаш и во секое дело! Господ нека е со сите вас! Своерачен поздрав од мене, Павле; тоа е белег во секое послание; јас пишувам така. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин.
2 Солуњаните 3:14-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ако пак некој не го послуша нашето слово преку посланието, означете го и не се мешајте со него, за да се засрами. Но не го сметајте за непријател, туку предупредувајте го како брат. А Самиот Господ на мирот да ви даде мир секогаш и на секаков начин. Господ да биде со сите вас! Поздрав со мојата рака, Павлова: тоа е белег во секое послание, пишувам така: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со сите вас.