Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Солуњаните 3

3
Поттик на молитва и работа
1 # Пс 147,4; Ефес 6,19; Кол 4,3; 1 Сол 5,25 Потоа, браќа, молете Му се на Бога за нас, та словото Господово да се распространува и да се слави на секое место, како и меѓу вас, 2и да се избавиме од жестоки и злобни луѓе, бидејќи немаат сите вера. 3#Мт 6,13; 1 Кор 1,9; 1 Сол 5,22.24; Евр 10,23; 1 Јн 2,14Но верен е Господ Кој ќе ве утврди и запази од лукавиот. 4#2 Кор 7,15-16; Гал 5,10Ние сме уверени за вас во Господ де­ка го вршите и дека ќе го вршите она што ви го заповедаме. 5А Господ нека ги насочи срцата ва­ши право кон љубовта Божја и трпението Христово! 6#2,15; 3,14; Мт 18,17; Рим 16,17; 1 Кор 5,9.11; 1 Сол 5,14Ви заповедам, браќа, исто така во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат кој живее не­уредно, а не според преданието што го добивте од нас! 7#1 Сол 1,6Сами знаете како треба да се угледате на нас, бидејќи ние не живеевме неуредно кај вас, 8#Мт 6,11; Дела 18,3ниту, пак, кај некого јадевме леб да­рум, туку работевме со труд и мака де­ње и ноќе за да не му додеваме на никого од вас. 9#Мт 10,10; 1 Кор 4,16И не поради тоа што немавме власт, туку за да бидеме пример, та да се угледате на нас. 10Зашто, кога бевме меѓу вас ви го за­поведавме ова – кој не сака да работи, тој нека и не јаде. 11#3,6; 1 Тим 5,13Но слушаме дека некои од вас жи­веат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи; 12#1 Мојс 3,19на таквите им заповедаме и ги мо­лиме во нашиот Господ Исус Христос да работат тивко и да си го јадат својот леб. 13#Гал 6,9А вам, браќа, да не ви здодејува да правите добро. 14Ако некој не ги послуша нашите зборови од ова послание, обележете го и не дружете се со него, за да се посрами; 15#Мт 18,15-18; 2 Кор 2,7; Гал 6,1; 1 Сол 5,14но не сметајте го за непријател, ту­ку поучувајте го како брат.
Благослов и поздрав
16 # Рута 2,4; Рим 15,33; 1 Сол 5,23 А Сам Господ на мирот нека ви да­де мир секогаш и во секое дело! Господ нека е со сите вас! 17#2,2; 1 Кор 16,21; Гал 6,11Своерачен поздрав од мене, Павле; тоа е белег во секое послание; јас пи­шу­вам така. 18#Рим 16,20; 1 Сол 5,28Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин.

Селектирано:

2 Солуњаните 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност