2 Солуњаните 3:1-3
2 Солуњаните 3:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Понатаму, драги пријатели, молете се за нас. Молете се најнапред учењето за Господ брзо да се шири, па и другите да го почитуваат она што го почитувате вие. Молете се да не паднеме во рацете на лоши и злобни луѓе, зашто сите луѓе немаат вера во Господ. Но, во Господ можете да имате доверба. Тој ќе ви даде сила и ќе ве чува од Злиот.
2 Солуњаните 3:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Потоа, браќа, молете Му се на Бога за нас, та словото Господово да се распространува и да се слави на секое место, како и меѓу вас, и да се избавиме од жестоки и злобни луѓе, бидејќи немаат сите вера. Но верен е Господ Кој ќе ве утврди и запази од лукавиот.
2 Солуњаните 3:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Најпосле, браќа, молете се за нас, та Господовото слово да трча и да се прославува како и при вас, и ние да се ослободиме од расипани и зли луѓе, зашто сите немаат вера. Но верен е Господ, Кој ќе ве утврди и ќе ве запази од лукавиот.