Псалми 99
99
ПСАЛМ 99
Сите луѓе нека Го слават Господа
1 #
46,1; 65,1; 97,4; 1 Лет 16,23 Псалм за славење.
Воскликни Му на Господа,
цела земјо;
2 #
5 Мојс 28,47
служете Му на Господа со веселие,
влезете пред Него со радост.
3 #
78,13; 94,7; 5 Мојс 4,39; 31,6; Ер 23,1; Ез 34,31; Ефес 2,10 Познајте дека Самиот Господ е нашиот Бог,
Тој нас нѐ создаде, а не ние;
но ние сме народ Негов
и овци од пасиштето Негово.
4 #
5,7; 94,2; 95,8-9; 1 Езд 3,11; 1 Лет 16,9-10 Со пофалба влезете низ портите Негови,
со химни во дворовите Негови.
Славете Го Него,
фалете го името Негово,
5 #
105,1; 106,1; 116,2; 117,1-2; 135,1; Ер 33,11 зашто Господ е добар, довека е милоста Негова
и од поколение на поколение вистината Негова.
Селектирано:
Псалми 99: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024