Псалми 100
100
ПСАЛМ 100
Молитва за непорочен пат
1 #
67,32; 70,22 Псалм на Давид.
Милоста и судот
ќе Ти ги опеам, Господи;
2 #
25,11-12; 36,37; 49,3; 118,1; 1 Мојс 17,1; 3 Цар 9,4; Ис 33,15; Изреки 11,20; 12,5 на патот непорочен ќе пеам и ќе осознавам;
кога ќе дојдеш кај мене?
Чекорев во незлобливоста на своето срце среде домот мој.
3 #
14,2-3; 23,4; 39,4; 138,21; Ис 33,15; Јуда 1,23 Пред очите свои не ставив ништо незаконито,
ги намразив оние што прават престапи.
Срце развратно не ми се припои.
4 #
17,26; Изреки 11,20; 16,20; Ефес 5,11 Лукавиот, што се отклонува од мене,
не го познав.
5 #
Изреки 17,20; 20,3; 29,9 Оној што тајно го клевети ближниот свој –
него го изгонив;
со оној што е со горделиво око и ненаситно срце –
со него не јадев.
6 #
118,63; Изреки 2,20 Очите мои се вперени кон верните на земјата,
за да ги седнам заедно со мене;
оној што чекори по патот непорочен,
тој ми служеше.
7 #
5,5; 25,4-5; Изреки 20,8; 24,5 Среде домот мој не живееше оној што гордо постапува,
оној што говори неправедно не се исправи пред очите мои.
8 #
Изреки 20,26; Откр 21,27 Во утрините ги убивав сите грешници на земјата,
за да ги истребам од градот Господов сите што вршат беззаконие.
Селектирано:
Псалми 100: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024