Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 61

61
ПСАЛМ 61
Само Бог е сигурна закрила
1За крајот, за Идитун. Псалм на Давид.
2 # Ис 12,2 Зар нема да се покорува душата моја на Бога?
Зашто во Него е спасението мое;
3 # 17,2; 45,7.11; 88,26 зашто Тој е Бог мој и Спасител мој,
заштитник мој и веќе нема да се колебам.
4До кога ќе се потпирате на човек?
Како ѕид навален и ограда поткопана, сите вие убивате.
5 # 4,2; 27,3; 54,21 Но тие се договорија мојата чест да ја отфрлат,
итаа со жед, со устата своја благословуваа,
а со срцето свое проколнуваа.
6 # 41,5.11; 42,5; 70,5; 117,8; Мих 7,7 Но на Бога покори Му се, душо моја,
зашто во Него е трпението мое.
7 # 1 Мојс 49,18 Зашто Тој е Бог мој и Спасител мој,
заштитник мој, нема да се поместам.
8 # Ис 45,17; 59,17; Ер 3,23 Во Бога е спасението мое и славата моја;
Тој е Бог на помошта моја
и надежта моја е во Бога.
9 # Ис 26,4 Надевајте се на Него цел собору народен;
излејте ги пред Него срцата ваши;
зашто Бог е помошник наш.
10 # 38,5-6; 48,2; 115,2; Ис 40,15 Но суетни се синовите човечки,
лажни се синовите човечки во јаремот на неправдата,
сите заедно се суетни.
11 # Ис 30,12; Ер 17,11; Ез 22,29; Јов 27,13-14; 30,24; Проп 5,9-10; Мт 6,19-20.24; 1 Тим 6,17 Не надевајте се на неправдата
и за грабеж немојте да копнеете;
и да се слева богатство,
срцето нека не ви се припојува за него.
12 # Јов 40,4; 27,4; 30,23; Ер 17,10; 31,19; Јов 34,11; Изреки 11,21.31; 23,12; Сир 16,12-14; Мт 16,27; Рим 2,6; 2 Тим 4,14; Откр 2,23 Еднаш говореше Бог
и овие две нешта ги слушнав:
13дека моќта е Божја и Твоја, Господи, е милоста,
зашто Ти ќе му возвратиш секому според делата негови.

Селектирано:

Псалми 61: MAK2024PS

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се