Псалми 60
60
ПСАЛМ 60
Надеж во Божјата закрила
1За крајот, во химни, на Давид.
2Услиши го, Господи, молењето мое,
чуј ја молитвата моја.
3 #
26,4-5; 42,3 Од краиштата на земјата кон Тебе повикав,
кога се обесхрабри срцето мое;
на камен ме возвиси,
4 #
45,1; Изреки 18,11 ме водеше, зашто стана надеж моја,
кула на моќта пред лицето на непријателот.
5 #
14,1; 16,8 Ќе се населам во живеалиштето Твое довека,
ќе се покријам со покровот на крилјата Твои.
6Зашто Ти, Боже, ги слушна молитвите мои;
им даде наследство на оние што се бојат од името Твое.
7 #
20,4; 42,3; 65,13; 71,5; 84,10-11; 88,4-26; Ис 16,5; Изреки 20,28 На деновите од царот ќе додадеш денови,
годините негови дури до деновите од поколение на поколение.
8Ќе остане довека пред Бога;
милоста и вистината Негова кој ќе ги испита?
9Така ќе го воспевам името Твое во вечни векови,
за од ден на ден да ги исполнам молитвите мои.
Селектирано:
Псалми 60: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024