Псалми 106
106
ПЕТТА КНИГА
ПСАЛМ 106
Благодарствена песна на избавените кои во мака Го повикуваат Господа
1 #
99,5; 105,1; 117,1.29; 134,3; 135,1; Ер 33,11; 1 Езд 3,11; 1 Лет 16,34.41 Алилуја! Славете Го Господа, зашто е добар,
зашто е довека милоста Негова.
2 #
105,10; Ис 62,12 Така нека речат искупените од Господа,
кои ги избави од раката на непријателот.
3 #
105,47; Ис 11,12; 42,5-6; 48,11; Зах 8,7-8 Од земјите ги собра,
од исток, и од запад,
и од север и од морето.
4 #
5 Мојс 8,15; 31,10; Ез 34,6 Тие талкаа во пустината, во земја безводна,
пат кон град каде ќе се населат не најдоа,
5 #
Ис 41,17; 48,9 гладувајќи и жеднеејќи,
во нив премале душата нивна;
6 #
33,17; Ис 63,9; Ос 5,15 и во својата неволја повикаа кон Господа,
и од маките нивни ги избави
7 #
5 Мојс 6,10; Ис 35,8; 39,2; 42,19 и ги изведе на прав пат,
за да одат кон град каде што ќе се населат.
8Нека Го слават Господа за милостите Негови
и за чудесата Негови над синовите човечки,
9 #
145,7; Ис 49,10; 54,1; Лк 1,53 зашто ја насити душата празна
и душата гладна ја исполни со добра.
10 #
Ис 9,3; 41,6.21; Јов 36,8-9; Лк 1,79 Оние што седат во темнина и во сенка смртна,
окованите во сиромаштија и железо.
11 #
105,43; 3 Мојс 26,40-41 Зашто зборовите Божји ги огорчија
и советот на Севишниот го раздразнија,
12 #
21,11; Јов 30,13; Сир 51,10 и во маките се смири срцето нивно,
изнемоштеа, и немаше кој да им помогне.
13 #
21,5; 105,44 И повикаа кон Господа во неволјата своја,
и од маките нивни ги избави,
14 #
Ис 42,7.16; 49,9; 51,14; 52,2; 61,1 и ги изведе од темнината и од сенката на смртта
и оковите нивни ги раскина.
15Нека Го слават Господа за милостите Негови

16 #
Ис 45,2; 60,1; Ер 51,30 зашто ги разби портите бакарни
и резињата железни ги скрши.
17Ги прифати на патот од беззаконието нивно,
зашто поради беззаконијата свои се понижија;
18 #
Ис 38,10; Јов 6,6-7 од секаква храна се згнаси душата нивна
и се приближија до портите на смртта.
19И во неволјата своја повикаа кон Господа,
и од маките нивни ги избави,
20 #
147,4.7; Ис 9,9; 54,9-10; Јов 33,18; Мудр 16,12; 17,13-15; Мт 8,8; Дела 13,26 го испрати зборот Свој и ги исцели
и ги избави од распадливоста нивна.
21Нека Го слават Господа за милостите Негови

22 #
49,14; Евр 13,15 и да Му принесат жртва пофална
и да ги објавуваат делата Негови со веселие.
23Оние што слегуваат во морето со кораби,
што извршуваат работи во големите води,
24тие ги видоа делата Господови
и чудесата Негови во длабочините.
25 #
Јона 1,4-5
Тој рече и ветрот бурен застана,
и се извишија брановите негови,
26се искачуваат до небесата
и до бездната слегуваат,
нивната душа во злото се растворуваше;
27 #
Ис 29,9
се вознемирија, се занишаа како пијаница
и сета мудрост нивна се истроши;
28 #
Јона 1,14-15
и во својата неволја повикаа кон Господа,
и од маките нивни ги избави
29 #
64,7; 88,9; Ис 43,2; 57,20; Мт 8,26 и ѝ заповеда на бурата
и таа стана како развигор
и брановите нејзини замолчеа;
30и бидејќи стивнаа, тие се зарадуваа
и ги одведе во заливот на волјата Своја.
31Нека Го слават Господа за милостите Негови
и за чудесата Негови над синовите човечки.
32Нека Го возвишуваат во соборот народен
и во седиштето на старешините нека Го фалат.
33 #
Ис 42,15; 44,26; 50,2 Реки претвори во пустина
и водни извори во сушина,
34 #
113,8; 1 Мојс 13,10; 19,22-27; 5 Мојс 29,23 земјата плодоносна – во солница,
поради злобата на оние што живеат на неа.
35 #
113,8; Ис 41,18 Претвори пустина во езера водни
и земја безводна во извори водни.
36 #
Ез 36,35
И таму ги насели гладните,
и подигна градови за живеење,
37 #
Ис 65,21; Ер 31,5; Амос 9,13-15 и засеаја полиња и насадија лозја
и принесоа плод од родот.
38 #
5 Мојс 7,13-14; Ис 49,21 И ги благослови, и се намножија многу
и нивниот добиток не го намали.
39Но тие се изретчија
и се измачија од суровоста на злото и на болката.
40 #
Јов 12,21.24; Мудр 5,7; Лк 1,51-52 Се изли понижување врз кнезовите нивни
и ги занесе во беспаќе, а не на пат.
41 #
112,7-8; 146,6; 1 Цар 2,8; Ис 65,13-14; Ер 31,27; Јов 21,8-11; Лк 1,52-53 А на бедниот му помогна да излезе од сиромаштво
и како стада овци ги постави неговите родови.
42 #
57,10; 62,11; Јов 5,16; 22,18 Ќе видат чесните и ќе се зарадуваат
и секое беззаконие ќе ја затвори устата своја.
43 #
Ер 9,12; Ос 14,10 Кој ли е мудар, та да го запази ова
и да ги разбере милостите Господови?
Селектирано:
Псалми 106: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024

: