Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 107

107
ПСАЛМ 107
Молитва за Божја помош за победа
1Песна на псалмот, на Давид.
2 # 56,7-11 Подготвено е срцето мое, Боже,
подготвено е срцето мое;
ќе пеам и ќе воспевам во славата моја.
3Станете харфо и лиро;
ќе станам рано наутро.
4 # 17,49 Ќе Те славам меѓу народите, Господи,
ќе Те воспевам меѓу незнабошците,
5 # 35,5; Ис 55,9 зашто милоста Твоја ги надвишува небесата
и до облаците е вистината Твоја.
6Возвиси се на небесата, Боже,
и на целата земја да се возвиси славата Твоја.
7 # 59,5-12 За да се избават возљубените Твои,
со десницата Твоја спаси ме и услиши ме.
8Бог проговори во светињата Своја;
ќе се издигнам и ќе го разделам Сихем
и долината на шаторите ќе ја измерам.
9Мој е Галаад, и Мој е Манасија,
и Ефрем е крепост на главата Моја,
Јуда е цар Мој,
10 # Ис 11,4 Моав е сад на надежта Моја,
на Идумеја ќе ја протегнам обувката Своја,
туѓинците Ми беа потчинети Мене.
11Кој ќе ме одведе во градот утврден?
Или кој ќе ме води до Идумеја?
12 # 59,1 Зар не Ти, Боже, Кој нѐ отфрли?
Зар нема да излезеш, Боже, со војските наши?
13 # 117,8; 17,29; 43,5-8 Дај ни помош во неволјата,
зашто суета е спасението од човек.
14Во Бога ќе стекнеме сила
и Тој ќе ги уништи непријателите наши.

Селектирано:

Псалми 107: MAK2024PS

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се