Псалми 105
105
ПСАЛМ 105
Благодарствена песна за Божјата милост
1 #
99,5; 106,1; 117,1.29; 134,3; 135,1; Ер 33,11; 1 Езд 3,11; 1 Лет 16,34 Алилуја! Славете Го Господа, зашто е добар,
зашто е довека милоста Негова.
2 #
Сир 18,2-4
Кој ќе ги искаже силите Господови,
ќе направи да се слушнат сите пофалби Негови?
3 #
111,1-10; Ис 56,1-2; Јк 1,25 Блажени се оние што го запазуваат судот
и вршат правда во секое време.
4 #
24,7; Неем 5,19; 12,13.21.30; Јудита 4,15 Спомни си за нас, Господи, во благоволението на народот Свој,
посети нѐ со спасението Твое,
5та во добрини да ги видиме избраниците Твои,
да се развеселиме со веселието на народот Твој,
да се фалиме со наследството Твое.
6 #
77,11-17; 3 Мојс 26,40; 3 Цар 8,47; Дан 9,5 Згрешивме со татковците наши,
вршевме беззаконија и неправди.
7 #
77,11; Неем 9,17 Татковците наши во Египет не ги разбраа чудесата Твои
и не си спомнаа за многуте милости Твои,
та се огорчија искачувајќи се крај Црвеното Море.
8 #
22,3; 24,11; 30,3; 108,21; Ис 48,9-11; Ез 20,9.14; 36,21-22; 39,25 Но Тој ги спаси заради името Свое,
за да ја познаат моќта Негова;
9 #
65,6; 2 Мојс 14,21-22; Ис 63,13; Наум 1,4 па му се закани на Црвеното Море, и тоа се исуши,
и ги преведе преку бездната како низ пустина;
10 #
106,2; 2 Цар 22,18; Лк 1,71 и ги спаси од рацете на оние што ги мразеа
и ги избави од раката на непријателите;
11 #
2 Мојс 14,27-28; 14,4-5 и водата ги покри мачителите нивни,
ниеден од нив не остана.
12 #
2 Мојс 14,31; 14,1-21 И поверуваа на Неговите зборови
и пофалба испеаја за Него.
13 #
Плач 3,26
Но брзо ги заборавија делата Негови,
не го дочекаа советот Негов;
14 #
77,18; 94,9; 2 Мојс 15,24; 15,3; 4 Мојс 11,4-6 и со прекумерна желба копнееја во пустината
и Го искушуваа Бога во безводната земја.
15 #
4 Мојс 11,33
И им даде според барањето нивно
и им испрати задоволство во душите нивни.
16И го разгневија Мојсеја во логорот
и Арона, светијата Господов;
17 #
4 Мојс 16,32; 5 Мојс 11,6 се отвори земјата и го проголта Датан
и ја покри дружината на Авирон;
18 #
4 Мојс 16,35; Ис 26,11; Евр 10,27 и пламна оган во дружината нивна,
пламен ги спали грешниците.
19 #
2 Мојс 32; 5 Мојс 9,8-21; 9,24-28 И направија теле на Хорив
и му се поклонија на идолот.
20 #
Ер 2,11; Рим 1,23 И ја заменија славата своја
за подобие на теле што јаде трева.
21 #
77,43; 104,27; 5 Мојс 32,18; Ер 2,32; Дела 7,36 И Го заборавија Бога Кој ги спасува,
Кој направи големи дела во Египет,
22чудеса во земјата Хамова,
страшни дела во Црвеното Море.
23 #
2 Мојс 32,7-14; 4 Мојс 14,11-20; 5 Мојс 9,25-29; Ер 15,1; Ез 22,30 И рече дека ќе ги истреби, да не беше застанал Мојсеј,
избраникот Негов, пред Него, среде пустошот,
за да го одврати гневот Негов
и да не ги истреби.
24 # 4 Мојс 13,26-34; 14,1-37; 5 Мојс 1,25-36 И ја презреа посакуваната земја,
не поверуваа на зборот Негов;
25 #
4 Мојс 14,2; 5 Мојс 1,27 и мрмореа во шаторите свои,
не го послушаа гласот Господов.
26 #
3 Мојс 26,33; 4 Мојс 14,30; 5 Мојс 1,34-35; Ез 20,6; 20,14.22 И ја подигна раката Своја против нив,
за да ги сруши во пустината,
27 #
3 Мојс 26,33; 5 Мојс 4,27; Ез 20,23 и да го сруши потомството нивно меѓу незнабошците
и да ги расее по земјите.
28 #
4 Мојс 25; 5 Мојс 26,14 И му совршуваа служба на Велфегор
и јадеа од жртвата на мртвите;
29 #
4 Мојс 25,3-9; 1 Кор 10,8 и Го раздразнија со постапките свои
и се зголеми нивниот пад.
30 #
4 Мојс 25,7-13; Сир 45,23-24; 1 Мак 2,26 И стана Финес и се застапи
и пустошот престана;
31 #
4 Мојс 25,11-13
и тоа му се зеде за праведност
од поколение во поколение довека.
32 #
80,7; 94,8-9; 2 Мојс 17,1-7; 4 Мојс 20,2-13; 5 Мојс 1,37; 32,51-52 И кај водата на препирката Го разгневија
и настрада Мојсеј поради нив,
33 #
Ис 63,10
зашто го огорчија духот негов
и тој згреши со усните свои.
34 #
2 Мојс 23,32-33; 33,10-15; 5 Мојс 7,1.16; Суд 1,21-33; 2,2; 3,4-5 Не ги истребија народите,
за кои им рече Господ,
35 #
3 Мојс 18,3; Суд 2,12.17.19; 3,4-5 и се измешаа со незнабошците
и ги научија делата нивни;
36 #
2 Мојс 23,33; 5 Мојс 7,16; Суд 2,3.12; Ис.Н. 23,13; Мудр 14,11 и им служеа на идолите нивни
и тоа им беше за соблазна;
37 #
2 Мојс 34,16; 3 Мојс 18,21; 5 Мојс 32,17; 4 Цар 16,3; 16,17; 20,5; 22,10; Ис 57,5; Ер 3,6-8; 7,30; 18,3-4; 31,35; Ез 16,20; 20,29; Варух 4,7; 1 Кор 10,20 и ги жртвуваа синовите свои
и ќерките свои на демоните,
38и пролеаја крв невина,
крвта на синовите и ќерките свои,
кои ги жртвуваа на идолите Ханански,
и од крвта се извалка земјата
39и се оскверни од делата нивни
и блудничеа со постапките нивни.
40 #
Суд 2,11-19; Ис 63,7-9 И се разгневи Господ со јарост на народот Свој
и се згрози од наследството Свое;
41и ги предаде во рацете на незнабошците
и загосподарија над нив оние што ги мразат.
42И ги угнетуваа непријателите нивни
и понижени беа под рацете нивни.
43Многупати ги избави,
а тие Го огорчија со своите намери
и се понижија со беззаконијата свои.
44И ги виде Господ во нивните неволи
и го слушна молењето нивно;
45 #
3 Мојс 26,42; 3 Цар 8,50; Ер 42,12; 1 Езд 9,9; Лк 1,72 и си спомна за заветот Свој,
и се сожали поради големата милост Своја
46и предизвика сожалување
кај сите оние што ги беа заробиле.
47 #
5 Мојс 30,3; 1 Лет 16,35-36; 2 Мак 1,27 Спаси нѐ, Господи Боже наш,
и прибери нѐ откај незнабошците,
за да го славиме Твоето свето име,
да се фалиме со пофалбата Твоја.
48 #
88,52; Јудита 13,20; Лк 1,68; Откр 19,4 Благословен е Господ, Бог Израилев,
од века и довека.
И да рече целиот народ:
„Нека биде така! Нека биде така!“
Селектирано:
Псалми 105: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024

:
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024