Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 104

104
ПСАЛМ 104
Возвеличување на Бога поради Неговите добрини кон Израил
1 # 9,11; 95,3; Ис 12,4-5 Алилуја! Славете Го Господа
и повикувајте го Неговото име;
објавувајте ги меѓу народите делата Негови;
2 # 9,1; 67,4; Дела 2,11 пејте Му и воспевајте Го,
раскажувајте за сите чудеса Негови.
3 # 33,2; 39,16; 69,4 Фалете се со Неговото свето име;
нека се радува срцето на оние што Го бараат Господа.
4 # 23,6; 26,8; Ос 5,15 Барајте Го Господа и утврдувајте се,
барајте го секогаш лицето Негово.
5 # 76,11; 110,4 Сетете се на чудесата Негови што ги направи,
знаменијата Негови и судовите на устата Негова,
6 # Ис 45,4 вие, потомството Авраамово, слуги Негови,
вие, синови Јаковови, избраници Негови!
7Тој е Господ, нашиот Бог,
по целата земја се судовите Негови.
8 # 105,45; 110,5; 5 Мојс 7,9; Мих 7,20; Лк 1,72 Довека го помни заветот Свој,
зборот што им го заповеда на илјадници поколенија,
9 # 1 Мојс 15,7-18; 17,19; 25,3; 2 Мојс 2,24; 3 Мојс 26,42; 5 Мојс 4,31; Мих 7,20; Сир 44,22 со кој му се завети на Авраам,
и заклетвата Своја на Исак,
10 # 46,4; 1 Мојс 28,13-15; 34,12; 49,24 која му ја постави на Јаков како заповед
и на Израил за завет вечен,
11велејќи: „Тебе ќе ти ја дадам земјата Хананска,
делот што е твое наследство“.
12 # 5 Мојс 7,7; 25,5 Кога беа неколкумина на број,
малкумина и дојденци во неа,
13 # 1 Мојс 23,4; Евр 11,13 и кога минаа од народ во народ,
и од царство во народ,
14Тој не дозволи на човек да им направи неправда,
и заради нив цареви изобличи:
15 # 1 Цар 24,7; 1 Лет 16,22 „Не допирајте се до Моите помазаници
и на пророците Мои не правете им зло“.
16 # 1 Мојс 41,54; 3 Мојс 26,26; 4 Цар 8,1; Ез 5,16; 13,13; Сир 48,2 И повика глад на земјата
и секоја поткрепа од леб ја сотре;
17 # 1 Мојс 45,5; Дела 7,9 испрати пред нив човек:
како роб беше продаден Јосиф.
18Нозете негови во окови ги понизија,
низ железо мина неговата душа,
19 # 1 Мојс 41,13; Мудр 10,14 додека не дојде неговиот збор;
кажаното од Господа го прочисти низ оган.
20Испрати цар и го одврза,
кнез народен и го ослободи.
21 # 1 Мојс 41,40-41; 41,5; Мудр 10,14; Дела 7,10 Го постави за господар на домот негов
и за началник на целиот имот негов,
22да ги научи кнезовите негови како што самиот се научи
и старешините негови да ги умудри.
23И влезе Израилот во Египет
и Јаков се насели во земјата Хамова.
24 # 2 Мојс 1,7; 5 Мојс 26,5 И многу го умножи народот свој
и го направи посилен од непријателите негови.
25 # 2 Мојс 7,3 Го преобрати срцето нивно за да го замрази народот Негов,
да се однесува лукаво со слугите Негови.
26Го испрати Мојсеја, слугата Свој,
Арона кого го избра за Себе.
27 # 77,43; Ер 32,20 Меѓу нив ги постави зборовите на знаците Свои
и знаменијата Свои во земјата Хамова.
28Испрати темнина и стана мрачно,
зашто се огорчија на Неговите зборови;
29ги претвори водите нивни во крв
и ги сотре рибите нивни.
30Земјата нивна изведе жаби,
дури и во тајните одаи на царевите нивни.
31Рече, и дојде кучешка мува
и комарци во сите предели нивни.
32Им стави град во дождовите нивни,
оган што гори по земјата нивна,
33и удри по лозјата нивни и смоквите нивни
и го сотре секое дрво во нивниот предел.
34Рече, и дојде скакулец
и гасеница на која ѝ немаше број,
35и ја изеде сета трева во земјата нивна
и го изеде плодот од земјата нивна.
36 # 77,51; 5 Мојс 21,17 И удри по секое првородено во земјата нивна,
првината од секој нивен труд.
37 # 2 Мојс 3,21-22; 11,2-3; 12,34-35; Мудр 10,17 А нив ги изведе со сребро и злато
и немаше болен во племињата нивни.
38 # 2 Мојс 12,33; 14,16 Египет се зарадува на нивното заминување,
зашто го беше обзел страв од нив.
39 # 77,14; 2 Мојс 13,21-22; 13,19-20; 4 Мојс 14,14; Неем 9,12 Распростре облак како покров за нив
и оган за да им свети ноќе.
40 # 77,24-29; 2 Мојс 16,4-15; 4 Мојс 11,31.32; Мудр 16,2.20 Бараа и им дојде потполошка
и со леб небесен ги насити;
41 # 77,15-16; 2 Мојс 17,1-7; 4 Мојс 20,2-13; Ис 48,21 расцепи карпа и потекоа води,
протекоа реки во безводни места.
42 # 2 Мојс 2,24; 5 Мојс 7,8; Мих 7,20; Лк 1,54-55 Зашто се сети на Својот свет збор кон Авраам,
слугата Свој,
43 # Ис 55,12; Варух 5,9 и го изведе народот Свој во радост
и избраните Свои во веселие.
44 # 77,54-55; 5 Мојс 4,38; 6,10 И им ги даде земјите незнабожечки
и трудовите на народите ги наследија,
45за да ги чуваат заповедите Негови
и законот Негов да го истражуваат.

Селектирано:

Псалми 104: MAK2024PS

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се