Псалми 103
103
ПСАЛМ 103
Славата Божја е во делата Негови
1 #
102,1; 102,2.22; 92,1; 2 Цар 7,22 На Давид.
Благословувај Го, душо моја, Господа.
Господи, Боже мој, Ти си се возвеличил многу.
Во слава и велелепие си се облекол,
2 #
Ис 40,22; Јов 9,8 во светлина како со облека се облекуваш,
небото го простираш како кожа;
3 #
17,10; 67,4; Ис 19,1; Амос 9,6 со води ги покриваш височините негови.
Ги поставуваш облаците за негово издигање,
се движиш на крилјата на ветровите;
4 #
Евр 1,7
Ти ги правиш ангелите Свои духови
и служителите Свои – пламен огнен.
5 #
23,2; 45,2; 74,3; 1 Цар 2,8; Јов 38,6; Изреки 8,25.29 Земјата ја втемелуваш врз нејзината цврстина,
таа нема да се разниша во вечни векови.
6Бездната е Твоја наметка како облека,
врз горите ќе стојат води.
7Од Твојата заповед тие ќе избегаат,
од гласот на Твојот гром ќе се уплашат.
8 #
1 Мојс 1,9; Ер 5,22; Јов 38,8-11 Се издигаат горите и се спуштаат долините,
на местото што си го основал за нив;
9 #
1 Мојс 9,11-15; Изреки 8,29 си поставил граница која нема да ја преминат,
ниту ќе се вратат да ја покријат земјата.
10 #
73,15; 5 Мојс 8,7 Ти ги испраќаш изворите во долините,
помеѓу горите ќе течат води;
11ќе се напојуваат сите полски ѕверови,
дивите магариња ќе ја гаснат жедта своја;
12 #
Ез 31,13
над нив птиците небесни ќе се населат,
помеѓу камењата ќе пуштат глас.
13Ти ги напојуваш горите од Своите височини,
од плодовите на делата Твои ќе се насити земјата.
14 #
146,9; 1 Мојс 1,11-12; 1,29-30; 2,16 Ти правиш да изникне трева за добитокот
и зеленило за потребите на луѓето,
за да произведат леб од земјата;
15 #
4,7; 1 Мојс 5,29; 17,4; Суд 9,13; 18,4.7; Зах 10,7; Изреки 31,27; Сир 40,20 а виното го весели срцето на човекот,
и лицето со елеј го разведрува,
и лебот човековото срце го закрепнува.
16Ќе се наситат дрвјата во полето
и кедрите ливански што си ги насадил.
17Таму птиците ќе свијат гнездо,
штрковиот дом ги предводи.
18 #
Изреки 30,26
Високите гори се за елените,
камењата им се прибежиште на зајаците.
19 #
73,16; 1 Мојс 1,16; Сир 43,6 Ја создаде месечината за времињата,
сонцето го позна заодот свој.
20 #
Амос 5,8
Си поставил темнина и настана ноќ,
во неа ќе талкаат сите шумски ѕверови.
21 #
Јоил 1,20; Јов 38,39.41; 1 Мак 3,4 Разриканите лавчиња грабаат
и бараат храна од Бога за себе.
22 #
Јов 37,8; 38,40 Изгрева сонцето и тие се собираат,
и во леглата свои ќе си легнат.
23А човекот ќе излезе по својата работа,
на својот труд до вечерта.
24 #
8,1; 91,5; Ер 10,12; Јов 5,9; Изреки 3,19; 8,21-30 Колку се величествени делата Твои, Господи!
Сѐ си создал премудро;
земјата се исполни со Твоето создание.
25Ова море е големо и пространо,
таму се влекачите, на кои им нема број,
мали и големи животни;
26 #
73,14; Јов 40,24; Изреки 8,31 таму пловат корабите
и оној змеј што си го создал да си игра во него.
27 #
135,25; 144,15-16; Мт 24,45; Лк 12,42 Сите тие од Тебе чекаат
да им дадеш храна навреме,
28ја даваш ли – ќе ја соберат.
Ја отвораш ли раката Своја – сите ќе се исполнат со добра.
29 #
29,7; 89,3; 145,4; 1 Мојс 3,19; Јов 34,14-15; Проп 12,7; Мудр 2,3 Го одвратиш ли Своето лице – ќе се збунат;
кога ќе го одземеш нивниот здив – ќе исчезнат
и во правта своја ќе се вратат.
30 #
32,6; 1 Мојс 1,2; 2,7; Дела 2,2-3 Ти ќе Го пратиш Својот Дух
и тие ќе се создадат,
и ќе го обновиш лицето на земјата.
31Нека биде довека славата Господова,
ќе се радува Господ за делата Свои.
32 #
17,7; 143,5 Погледнува ли кон земјата
и прави таа да се тресе;
се допира до горите
и тие чадат.
33 #
7,17; 29,12; 62,4; 145,2 Ќе Му пеам на Господа во животот мој,
ќе Го воспевам мојот Бог додека постојам.
34 #
18,14
Нека Му бидат мили зборовите мои,
а јас ќе се радувам во Господа.
35Нека исчезнат грешниците и беззакониците од земјата,
и да ги нема веќе.
Благословувај Го, душо моја, Господа.
Селектирано:
Псалми 103: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024