Псалми 102
102
ПСАЛМ 102
Славословие за Божјото милосрдие
1 #
103,1.35; 145,1; Тов 13,9 На Давид.
Благословувај Го, душо моја, Господа
и целата моја внатрешност – Неговото свето име.
2Благословувај Го, душо моја, Господа
и не заборавај ги сите дарови Негови;
3 #
31,1-2; 77,38; 2 Мојс 15,26 на Оној што ги очистува сите твои беззаконија
и ги исцелува сите твои болести;
4 #
85,13; 106,20; Јов 33,18 Кој го избавува од пропадливост животот твој,
Кој те овенчува со милост и со добрини;
5 #
Ис 40,31
Кој ја исполнува со добра желбата твоја,
како кај орел ќе се обновува младоста твоја.
6Господ прави милост и суд
за сите онеправдани.
7Му ги покажа патиштата Свои на Мојсеј,
на синовите Израилеви – намерите Свои.
8 #
85,15; 144,8; 2 Мојс 20,5-6; 4 Мојс 14,18; 5 Мојс 5,10; Јоил 2,13; Јона 4,2; Неем 9,17; Јк 5,11 Штедар и милостив е Господ,
долготрпелив и многумилостив.
9 #
Ис 57,16; Ер 3,4-5.12; Јоил 2,13; Јона 4,2 Нема докрај да се гневи,
ниту довека ќе се лути;
10 #
Ез 20,44
не ни направи според беззаконијата наши,
ниту според гревовите наши ни возврати.
11 #
35,5; 56,10; 116,2; Ис 55,9 Зашто според висината на небото од земјата,
ја утврди Господ милоста Своја на оние што се бојат од Него.
12 #
Мих 7,19
Колку што е далеку исток од запад,
толку ги оддалечи од нас беззаконијата наши.
13 #
144,9; Ер 31,20; Мал 3,17 Како што таткото ги милува синовите,
така Господ ги помилува оние што се бојат од Него.
14 #
21,29; 89,3; 103,29; 1 Мојс 2,7; 3,18; Ис 40,7-8; Јов 10,9; Проп 12,7 Зашто Тој го позна нашиот состав,
си спомна дека сме прав.
15 #
90,5-6; 101,11; Ис 40,6-7; 50,11; Јов 14,2; Сир 14,18 Човекот – како трева се деновите негови;
како цвет полски, така ќе прецути.
16 #
36,36; Јов 7,10; 8,17 Зашто духот излезе од него,
и нема да постои
и местото негово нема да се знае.
17 #
24,6; 99,5; Лк 1,50 А милоста Господова е од века и довека врз оние што се бојат од Него,
и правдата Негова е врз синовите од синовите
18 #
5 Мојс 33,9
на оние што го чуваат заветот Негов
и ги помнат заповедите Негови за да ги исполнуваат.
19 #
10,4; 21,28; 46,8; 144,11-13; Ис 66,1; Авд 1,21 Господ го подготвил Својот престол на небото
и Царството Негово владее над сите.
20 #
148,2; Дан 3,58; Лк 1,19 Благословувајте Го Господа сите ангели Негови,
силни во крепоста,
што го исполнувате Неговиот збор,
за да го слушнете гласот од зборовите Негови.
21 #
148,2
Благословувајте Го Господа сите сили Негови,
служители Негови што ја исполнувате волјата Негова.
22 #
144,10; Дан 3,57 Благословувајте Го Господа сите дела Негови.
На секое место од Неговото владеење,
благословувај Го, душо моја, Господа.
Селектирано:
Псалми 102: MAK2024PS
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
Македонско библиско здружение 2024