Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 12

12
Нов живот во Христос
1 # 6,11.13.19; 15,16; 1 Птр 2,5 Браќа, во името на Божјото милосрдие, ве молам, да ги принесете вашите тела во жртва жива, света и благоугодна на Бога, како ваше словесно служење. 2#Ефес 4,23; 5,10.17; Фил 1,10; 1 Птр 1,14Не сообразувајте се со овој свет, туку преобразете се преку обновување на вашиот ум, за да можете да осознавате што е волјата Божја, што е добро, благоугодно и совршено. 3#1 Кор 12,1-12; 2 Кор 10,13; Ефес 4,7; Фил 2,3Зашто, преку благодатта што ми е дадена, секому од вас му ка­жу­вам да не се вообразува во мислите повеќе одошто е потребно, туку нека размислува скромно, според мерката на верата што Бог секому му ја доделил. 4Бидејќи, како што во едно тело имаме многу органи, но сите органи немаат иста улога, 5#1 Кор 10,17; Ефес 4,4.25; 5,30така и ние мнозината, сме едно тело во Христос, а секој поединечно сме органи еден на друг. 6#1 Кор 12,4-11; 1 Птр 4,10-11А имаме различни дарови според благодатта што ни е дадена: ако е пророкување, нека е сразмерно на верата; 7ако е служење – нека служи; ако е учителствување – нека поучува; 8#2 Кор 9,7; Тит 1,5.7ако е утешување – нека уте­шу­ва; кој дарува – нека дарува штедро; кој управува – нека управува со усрдност; кој прави милосрдие – нека го врши тоа со радост. 9#Амос 5,15; 1 Тим 1,5; 1 Птр 1,22Љубовта нека биде нелицемерна; гнасете се од злото, прилепувајте се кон доброто. 10#Фил 2,3Љубете се едни со други срдечно, со братска љубов; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг. 11Во усрдноста не бидете немарни; бидете со огнен дух; служете Му на Господ; 12#Дела 1,14; Кол 4,2; 1 Сол 5,17радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата – постојани; 13#Евр 13,2-3помагајте им на светиите во нив­ни­те потреби; трудете се да бидете гостопримливи; 14#Мт 5,38-48; Лк 6,28благословувајте ги оние што ве гонат; благословувајте ги и не ги про­колнувајте. 15#Сир 7,34; 1 Кор 12,26Радувајте се со оние што се радуваат и плачете со оние што плачат! 16#15,5; Ис 5,21; Изреки 3,7; Фил 2,2Меѓу себе бидете едномислени; не бидете надмени во мислите, туку нека ве водат скромните нешта; не сметајте се себеси за мудри. 17#Изреки 3,4; 20,22; 2 Кор 8,21; 1 Сол 5,15; 1 Птр 3,9Никому не враќајте зло за зло; грижете се да го правите тоа што е добро пред сите луѓе. 18#14,19; Мк 9,50; Евр 12,14Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе. 19#3 Мојс 19,18; 5 Мојс 32,35; Евр 10,30Самите не се одмаздувајте, возљубени, туку оставете му место на Божјиот гнев. Зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе отплатам – вели Господ.“ 20#Изреки 25,21-22; Мт 5,44Туку: „Ако твојот непријател е гладен, нахрани го; ако е жеден, напој го; зашто, правејќи го тоа, ти ќе му натрупаш жар на неговата глава“. 21Не допуштај злото да те победи, туку победи го злото со добро.

Селектирано:

Римјаните 12: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се