1
Римјаните 12:2
Нов превод на Новиот Завет 2023
MAK2023
Не сообразувајте се со овој свет, туку преобразете се преку обновување на вашиот ум, за да можете да осознавате што е волјата Божја, што е добро, благоугодно и совршено.
Спореди
Истражи Римјаните 12:2
2
Римјаните 12:1
Браќа, во името на Божјото милосрдие, ве молам, да ги принесете вашите тела во жртва жива, света и благоугодна на Бога, како ваше словесно служење.
Истражи Римјаните 12:1
3
Римјаните 12:12
радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата – постојани
Истражи Римјаните 12:12
4
Римјаните 12:21
Не допуштај злото да те победи, туку победи го злото со добро.
Истражи Римјаните 12:21
5
Римјаните 12:10
Љубете се едни со други срдечно, со братска љубов; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг.
Истражи Римјаните 12:10
6
Римјаните 12:9
Љубовта нека биде нелицемерна; гнасете се од злото, прилепувајте се кон доброто.
Истражи Римјаните 12:9
7
Римјаните 12:18
Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе.
Истражи Римјаните 12:18
8
Римјаните 12:19
Самите не се одмаздувајте, возљубени, туку оставете му место на Божјиот гнев. Зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе отплатам – вели Господ.“
Истражи Римјаните 12:19
9
Римјаните 12:11
Во усрдноста не бидете немарни; бидете со огнен дух; служете Му на Господ
Истражи Римјаните 12:11
10
Римјаните 12:3
Зашто, преку благодатта што ми е дадена, секому од вас му кажувам да не се вообразува во мислите повеќе одошто е потребно, туку нека размислува скромно, според мерката на верата што Бог секому му ја доделил.
Истражи Римјаните 12:3
11
Римјаните 12:17
Никому не враќајте зло за зло; грижете се да го правите тоа што е добро пред сите луѓе.
Истражи Римјаните 12:17
12
Римјаните 12:16
Меѓу себе бидете едномислени; не бидете надмени во мислите, туку нека ве водат скромните нешта; не сметајте се себеси за мудри.
Истражи Римјаните 12:16
13
Римјаните 12:20
Туку: „Ако твојот непријател е гладен, нахрани го; ако е жеден, напој го; зашто, правејќи го тоа, ти ќе му натрупаш жар на неговата глава“.
Истражи Римјаните 12:20
14
Римјаните 12:14-15
благословувајте ги оние што ве гонат; благословувајте ги и не ги проколнувајте. Радувајте се со оние што се радуваат и плачете со оние што плачат!
Истражи Римјаните 12:14-15
15
Римјаните 12:13
помагајте им на светиите во нивните потреби; трудете се да бидете гостопримливи
Истражи Римјаните 12:13
16
Римјаните 12:4-5
Бидејќи, како што во едно тело имаме многу органи, но сите органи немаат иста улога, така и ние мнозината, сме едно тело во Христос, а секој поединечно сме органи еден на друг.
Истражи Римјаните 12:4-5
Дома
Библија
Планови
Видеа