Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 10

10
1Браќа, желбата на моето срце и мојата молитва кон Бога за Израилот е тој да биде спасен. 2#Дела 22,3; 1 Тим 1,13Бидејќи им сведочам дека имаат рев­ност за Бога, но без правилно сознание. 3#9,31-32; Лк 16,15; 18,9-14; Фил 3,9Зашто, не знаејќи за Божјата пра­ведност и тежнеејќи да воспостават своја сопствена праведност, тие не ѝ се потчинија на Божјата праведност, 4#Мт 5,17; Јн 3,18; Дела 13,39; Гал 3,24; Евр 8,13бидејќи крајната цел на Законот е Христос, за да биде оправдан секој што верува.
Спасението доаѓа до секој човек што верува во Господ
5 # 3 Мојс 18,5; Гал 3,12 Зашто Мојсеј пишува за праведноста која е од Законот: „Човекот што ќе го исполни, ќе биде жив преку него.“ 6#5 Мојс 30,12-14#9,30; 5 Мојс 9,4А праведноста од верата вели: „Да не речеш во своето срце: Кој ќе се искачи на небото?“, односно, да Го симне Христос – 7или: „Кој ќе слезе во бездната?“, односно, да Го изведе Христос од мрт­вите! 8А што вели таа? – „Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце“, односно словото на верата, што го проповедаме, 9#Дела 16,31; 1 Кор 12,3; Фил 2,11зашто, ако со својата уста исповедаш дека Исус е Господ и ако во своето срце поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите – ќе се спасиш; 10бидејќи со срцето се верува за оп­равдание, а со устата се исповеда за спа­сение. 11#9,33; Ис 28,16А и Писмото вели: „Никој, што верува во Него, нема да се посрами.“ 12#1,16; Дела 10,34.36; Гал 3,28Нема разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто ист е Господ на сите, богат за сите што Го повикуваат. 13#Јоил 2,32; Дела 2,21Бидејќи секој што ќе го повика име­то Господово, ќе биде спасен. 14#Евр 11,6Но како да Го повикаат Оној во Ко­го не поверувале? И како да поверуваат во Оној за Кого не слушнале? А како да се слушнат без про­по­ведник? 15#Ис 52,7; Наум 1,15И како да проповедаат, ако не се испратени? Како што е напишано: „Кол­ку им се прекрасни нозете на оние што благовестат мир, што го благовестат доброто.“ 16#1,5; Ис 53,1; Јн 10,26; 12,38; 2 Сол 1,8; Евр 4,2Но не сите го пос­лу­шаа благовестието. Зашто Исаија вели: „Господи, кој поверува откако нѐ слушна?“ 17#Јн 17,8.20И така, верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од словото Божјо. 18#Пс 18,4Но велам: зар тие не слушнаа? На­против. „Нивниот глас се разнесе по целата земја, и нивните зборови – до краиш­тата на светот.“ 19#11,11-14; 5 Мојс 32,21Повторно велам: зар Израил не разбра? Мојсеј прв рече: „Јас ќе ја разбудам ревноста кај вас преку оние кои не се народ; преку неразумен народ ќе ве раз­гне­вам.“ 20#9,30; Ис 65,1А Исаија се осмели да каже: „Ме најдоа оние што не Ме бараа, им се от­крив на оние што не прашаа за Мене.“ 21#Ис 65,2За Израилот, пак, вели: „Постојано ги подавав Своите раце кон непокорен и бунтовен народ.“

Селектирано:

Римјаните 10: MAK2023

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се