Римјаните 9
9
Бог и одбраниот народ
1 #
2 Кор 12,7
Ја зборувам вистината во Христос, не лажам – тоа ми го сведочи мојата совест во Светиот Дух – 2дека имам голема тага и непрестајна болка во срцето. 3#2 Мојс 32,32; 1 Кор 16,22; Гал 1,8Зашто повеќе би сакал јас самиот да бидам проклет и одвоен од Христос заради моите браќа, моите сродници по тело. 4#3,2; 2 Мојс 4,22; 5 Мојс 7,6; Ос 11,1; Дела 13,17; Ефес 2,12Тие се Израилци – ним им припаѓаат посинувањето, и славата и заветите, и давањето на Законот, и богослужењето и ветувањата; 5#1,3; Мт 1,1-16; Лк 3,23-38; Јн 1,1-4; Тит 2,13; 1 Јн 5,20нивни се и татковците, а од нив потекнува и Христос по тело, Кој е Бог на сите, благословен довека. Амин! 6#2,28; 4 Мојс 23,19; Ис 55,10-11Но тоа не значи дека словото Божјо изневерило; бидејќи не сите од Израилот се Израил. 7#1 Мојс 21,12; Евр 11,18Ниту, пак, сите се чеда бидејќи се Авраамово потомство; туку, речено е: „По Исак ќе ти се нарече потомството.“ 8#Јн 8,31-44; Гал 3,7.29; 4,21-31Односно, не децата на телото се Божји деца, туку децата на ветувањето ќе се сметаат за потомство. 9#1 Мојс 18,10.14Бидејќи зборовите на ветувањето се овие: „Во тоа време ќе дојдам и Сара ќе има син.“ 10#1 Мојс 25,21И не само таа, но и Ревека, која зачна од еден, од нашиот татко Исак, 11зашто, уште додека близнаците не се беа родиле, ниту, пак, беа направиле нешто добро или лошо, за да остане така како што Бог по избор одредил, не поради делата, туку поради Оној што повикува, 12#1 Мојс 25,23 ѝ беше речено: „Постариот ќе му служи на помладиот“, 13#Мал 1,2-3како што е напишано: „Јаков го возљубив, а Исав го намразив.“ 14#5 Мојс 32,4Тогаш, што да речеме? Зар има неправда во Бога? Никако! 15#2 Мојс 33,19Зашто Тој му рече на Мојсеј: „Ќе покажам милост кон оној што ќе го помилувам, и сожалување кон оној што ќе го сожалам.“ 16#Ефес 2,8; Тит 3,5И затоа, изборот не зависи од оној што посакува, ниту од оној што се труди, туку од Бога, Кој покажува милост. 17#2 Мојс 9,16Зашто Писмото му вели на фараонот: „Токму за тоа те издигнав, за да ја покажам на тебе Својата моќ и Моето име да биде проповедано по целата земја.“ 18#2 Мојс 4,21Па така, кого сака го милува, а кого сака го закоравува.
Божјиот гнев и Божјата милост
19Но ќе ми речеш: „Зошто тој сѐ уште прекорува? Зашто кој може да ѝ се спротивстави на Неговата волја?“ 20#Ис 29,16; 45,9; Мудр 12,12Но кој си ти, о човеку, та да Му одвраќаш на Бога? Зар ракотворбата ќе му рече на ракотворецот: зошто си ме направил таква? 21#Ис 29,16; 64,7; Ер 18,6; Мудр 15,7; 2 Тим 2,20Или, зар грнчарот нема власт над својата глина, па од една и иста смеса да направи еден сад за чесна, а друг за нечесна употреба? 22#2,4; 3,25-26; Изреки 16,4А што, ако Бог, сакајќи да го покаже Својот гнев и да ја пројави Својата моќ, со голема долготрпеливост поднесувал некои садови на гневот, приготвени за погибел, 23#8,29-30; Ефес 1,3-12; Фил 4,19за да го покаже богатството на Својата слава над садовите на милосрдието што Тој однапред ги приготвил за слава 24односно нас, кои и нѐ повика не само од Јудејците, туку и од незнабошците? 25#Ос 2,23; 1 Птр 2,10Како што и кај Осија говори: „Ќе го наречам Мој народ оној што не беше Мој народ, и невозљубената – возљубена.“ 26#Ос 1,10И на она место, каде им беше речено: „Вие не сте Мој народ“, таму ќе бидат наречени синови на живиот Бог. 27#11,5; Ис 10,22-23; Ос 1,10; Соф 3,12-13А Исаија гласно вика за Израилот: „Дури и ако бројот на Израилевите синови е колку морскиот песок, само остатокот ќе биде спасен, 28зашто ќе го заврши делото и ќе реши по правда: Господ ќе го изврши во потполност словото на земјата.“ 29#Ис 1,9И како што прорече Исаија: „Ако Господ Саваот не ни беше оставил потомство, ќе станевме како Содом и ќе се уподобивме на Гомор.“
Израил и благовестието
30 #
10,6.20; Фил 3,9 Тогаш, што да речеме? Незнабошците, кои не тежнееја кон праведност, добија праведност, и тоа праведност што е од верата. 31#10,2-9; 11,7И Израил, кој тежнееше кон некаков закон за праведност, не го достигна Законот на правдата. 32#Ис 8,14; 28,16; 1 Птр 2,8Зошто? Бидејќи не го побара од вера, туку од делата на Законот. Се препна од каменот за сопнување, 33#10,11; Ис 8,14; 28,16; Мт 21,42; 1 Птр 2,6.8како што е напишано: „Еве, полагам на Сион камен за препнување и карпа за соблазна; и секој што верува во Него нема да се посрами.“
Селектирано:
Римјаните 9: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

: