Римјаните 11
11
Бог не го отфрла Израил
1 #
1 Цар 12,22; Пс 93,14 #
2 Кор 11,21; Фил 3,5-7 Па велам: Зар Бог го отфрли Својот народ? Никако! Зашто и јас сум Израилец, Авраамов потомок, од Венијаминовото племе. 2#1 Цар 12,22; Пс 93,14Бог не го отфрли Својот народ, кого однапред го знаеше. Или не знаете што вели Писмото за Илија, како тој Му се жали на Бога против Израил, велејќи: 3#1 Цар 19,10.14„Господи, ги убија Твоите пророци и ги раскопаа Твоите жртвеници; јас останав сам, па и мојот живот го бараат.“ 4#1 Цар 19,18Но што му вели Божјиот одговор: „Си оставив седум илјади мажи, кои не ги свиткаа колената пред Ваал.“ 5#9,27; Ис 4,2Така и во сегашно време има еден остаток, избран по благодат. 6#Гал 3,18Но, ако е по благодат, не е веќе по дела, инаку благодатта не би била благодат. Ако, пак, е по дела, тоа веќе не е благодат; инаку делото не би било дело. 7И што тогаш? Израил не го доби она што го бараше; избраните, пак, го добија, а останатите се закоравија, 8#5 Мојс 29,4; Ис 29,10; Мт 13,13-14како што е напишано: „Бог им даде дух на бесчувствителност, очи да не гледаат и уши да не слушаат, сѐ до денешниов ден.“ 9#Пс 34,8; Пс 68,22-23И Давид вели: „Трпезата нивна нека им стане стапица и замка, соблазна и отплата; 10нека им се замрачат очите, за да не гледаат, и грбот нека им се свитка засекогаш.“ 11#10,19; Мт 21,43; Дела 13,5Па велам: зар се сопнаа за да паднат? Не! Туку со нивниот престап дојде спасението за незнабошците, та да разбуди ревност кај нив. 12#Мт 8,11-12; 21,43Ако, пак, нивниот престап значи богатство за светот, и нивното опаѓање – богатство за незнабошците, колку повеќе ќе значи нивната полнота!
13 #
Дела 9,15
Вам, незнабошци, ви велам: бидејќи сум апостол на незнабошците, јас ја прославувам мојата служба, 14#10,19; 1 Кор 9,22та некако да разбудам ревност во својот род по тело, и да спасам некои од нив. 15#Лк 15,24.32; 2 Кор 5,17-21Зашто, ако нивното отфрлање е помирување за светот, што би било нивното прифаќање, ако не оживување од мртвите? 16#4 Мојс 15,19-21; 5 Мојс 15,19; Ез 44,30; Неем 10,36Ако првиот дел од тестото е свет, тогаш свето е и целото тесто; и ако коренот е свет, свети се и гранките. 17#Ефес 2,11-12Ако, пак, некои од гранките се скршени, а ти, кој си дива маслинка, си накалемен на нивното место и си станал соучесник и на коренот и на маслото од маслинката, 18#3,27; 1 Кор 1,31не биди горделив пред гранките! А ако сепак, се возгордееш, треба да знаеш дека не ти го држиш коренот, туку коренот тебе! 19Но ќе речеш: гранките беа откршени за јас да бидам накалемен. 20#2 Кор 1,24Добро. Тие поради неверие беа откршени, а ти поради вера се држиш: не вообразувај се, туку имај страв. 21#Лк 23,31Зашто, ако Бог не ги поштедил природните гранки, ни тебе нема да те поштеди. 22#Јн 15,2.4; Евр 3,14Затоа, види ја Божјата благост и строгост: строгост кон отпаднатите, а благост кон тебе, ако истраеш во благоста; во спротивно, и ти ќе бидеш отсечен. 23Но и тие, ако не останат во неверието, ќе бидат накалемени, зашто Бог има моќ повторно да ги накалеми. 24Зашто, ако ти си отсечен од маслинка која е по природа дива, и спротивно на природата си накалемен на питома маслинка, тогаш колку полесно ќе бидат накалемени на својата маслинка оние кои по природа се од неа.
Израил не е отфрлен засекогаш
25 #
12,16; Изреки 3,7; Лк 21,24 Браќа, за да не си помислите во себе дека сте мудри, сакам да ја знаете оваа тајна: дел од Израилот отврдна додека не биде приопштен севкупниот број на незнабошците. 26#Ис 59,20-21#Мт 23,39И така целиот Израил ќе биде спасен, како што е напишано: „Ќе дојде од Сион Ослободителот и ќе ја одврати безбожноста од Јаков. 27#Ис 27,9; Ер 31,33-34И ова им е заветот од Мене, кога ќе ги одземам нивните гревови.“ 28#5 Мојс 4,37Значи, според благовестието, тие се непријатели Божји – поради вас; а според избраноста, тие се возљубени од Бога – поради татковците, 29#4 Мојс 23,19; 1 Цар 15,29бидејќи даровите и Божјиот повик се неотповикливи. 30#3,26Како што и вие некогаш бевте непокорни кон Бога, а сега сте помилувани, поради нивната непокорност, 31#11,11така и тие сега станаа непослушни, поради вашето помилување, та и самите да бидат помилувани. 32#Ез 18,23; Гал 3,22Зашто Бог ги затвори сите во непокорност, за да ги помилува сите.
33 #
Пс 138,6.17-18; Кол 2,3 О, длабочино на Божјото богатство, мудрост и знаење! Колку се непроникливи Неговите судови и неистражливи Неговите патишта! 34#Ис 40,13; Ер 23,18; 1 Кор 2,16Зашто, кој ја познал мислата на Господ? Или, кој Му бил советник? 35#Јов 41,3Или, кој однапред Му дал нешто, за да му биде вратено? 36#16,24; 1 Кор 8,6; Кол 1,16-17; Евр 2,10Зашто, сѐ е од Него, преку Него и во Него. Нему слава довека. Амин!
Селектирано:
Римјаните 11: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023

: