Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 3

3
Служењето на Новиот завет
1 # 5,12; 10,12; Дела 18,27; Рим 1,17; 1 Кор 1,30; Гал 3,13; Фил 3,9 Повторно ли почнуваме да се препорачуваме себеси? Или, како кај некои, можеби ни се потребни писма со препораки за вас или со препораки од вас? 2#1 Кор 9,2Вие сте нашето писмо, напишано во нашите срца, што го познаваат и читаат сите луѓе. 3#2 Мојс 24,12; Ер 31,33; Ез 11,19; 36,26Јасно е дека вие сте Христово пис­мо, составено преку нашето служење, на­пишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не врз камени плочи, туку врз телесните плочи на срцето. 4Ваквата увереност во Бога ја имаме преку Христос. 5#Јн 3,27; 15,5И не дека самите ние сме склони да го сметаме она што доаѓа од нас како наше, туку наша­та способност доаѓа од Бога; 6#Ер 31,31; Ефес 3,7; Кол 1,23.25Кој и нѐ оспособил да бидеме слу­жители на Новиот завет, не на буквата, туку на Духот; зашто буквата убива, а Духот оживотворува. 7#2 Мојс 32,16; 39,29-35Ако, пак, служењето на смртта, врежано во камења со букви, стана толку славно што Израилевите синови не мо­жеа да погледаат во лицето на Мојсеј, поради славата на неговото лице, којашто минува, 8тогаш колку пославно ќе биде служењето на Духот?! 9Зашто, ако служењето што води кон осудување било славно, тогаш колку повеќе ќе изобилува со слава служе­ње­то што води кон праведност! 10И навистина, она што беше прос­ла­ве­но не беше вистински прос­ла­ве­но, ако се спореди со славата што го надминува. 11Зашто, ако е славно она што е минливо, тогаш многу пославно ќе биде она што е трајно. 12И така, имајќи таква надеж, ние деј­ствуваме со голема слобода, 13а не како Мојсеј кој ставаше превез на своето лице за Израилевите си­но­ви да не го видат крајот на минливото. 14#Мк 4,12; Дела 28,27; Рим 10,4; 11,7.8; Евр 8,13Но нивните умови заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот за­вет, им стои истиот превез, зашто тој се симнува само преку Христос. 15#Дела 15,21Па така, и до ден денес, кога се чита Мојсеј, превезот лежи на нивното срце. 16#2 Мојс 34,34Но, кога ќе се обратат кон Господ, превезот им се симнува. 17#Јн 4,24; Рим 8,2; 1 Кор 6,17А Господ е Духот; а каде што е Ду­хот Господов, таму има слобода. 18#4,6; Рим 8,29; 1 Јн 3,2Ние, пак, сите со откриено лице ја одразуваме славата Господова, преобразувајќи се во истиот лик, од слава во слава, како од Духот Господов.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се