Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 2

2
1 # 12,21 Па, во себе решив да не доаѓам повторно нажален кај вас, 2зашто, ако јас ве нажалам, тогаш кој ќе ме зарадува, ако не оној кого сум го ожалостил? 3#13,10Ова истото и ви го напишав, та, кога ќе дојдам, да не ме ожалостат оние кои треба да ме зарадуваат; бидејќи сум уве­рен во сите вас дека мојата радост е радост и за сите вас. 4#7,8; Дела 20,31Зашто од голема жалост и со болка на срцето ви пишував низ многу солзи, не за да ве ожалостам, туку за да ја познаете преголемата љубов што ја имам кон вас.
Треба да му се прости на навредувачот
5 # 1 Кор 5,2; Кол 3,13 Ако, пак, некој ме ожалостил, не ме ожалостил само мене, туку донекаде – да не претерам – и сите вас. 6На таквиот доволна му е самата казна што ја претрпел од мнозинството; 7#Кол 3,13така што за вас е подобро спротивното – да му простите и да го утешите, за да не про­падне од преголема жалост. 8Заради тоа, ве молам кон него да покажете љубов. 9#7,15; 10,6Токму затоа и ви напишав, за да ве испитам и да дознаам дали сте послушни во сѐ. 10#Мт 10,40А кому вие му простувате нешто, му простувам и јас; зашто ако и сум простил некому нешто, сум му простил заради вас, пред лицето на Христос, 11#Ефес 4,27за да не нѐ прелаже сатаната, зашто неговите намери не ни се непознати.
Немирот на Павле во Троада
12 # Дела 14,26-27; 1 Кор 16,9; Откр 3,8 Кога дојдов во Троада да го про­по­ведам Христовото благовестие, иако вратата ми беше отворена во Господ, 13#7,6; 1 Тим 4,10; Тит 1,4мојот дух немаше спокој, бидејќи таму не го најдов мојот брат Тит; и за­тоа, откако се простив со нив, заминав за Македонија. 14#Кол 2,15Но да Му благодариме на Бога, Кој секогаш ни дава победа во Хрис­тос, и на секое место преку нас го пројавува мирисот на спознанието за Него. 15#Лк 2,34; 1 Кор 1,18Зашто ние сме Му на Бога благопријатен Христов мирис и меѓу оние кои се спасуваат и меѓу оние кои про­па­ѓаат. 16На едните сме им смртоносен мирис за смрт, а на другите животворен мирис за живот. И кој е способен за ова? 17#4,2; 11,13; 1 Сол 2,5; 1 Птр 4,11Зашто ние не сме како мнозина други кои тргуваат со словото Божјо, туку го про­поведаме искрено, како од Бога, пред Бога, во Христос.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се