2 Коринтјаните 10
10
Павле го брани своето апостолство
1 #
10,11; Мт 11,29; 1 Кор 2,3; 1 Кор 4,21; Фил 2,1 Јас, Павле, истиот кој кога сум присутен меѓу вас сум понизен, а во отсуство сум одважен кон вас – заради Христовата кроткост и благодарност ве преколнувам и 2#1 Кор 4,21ве молам, кога ќе бидам кај вас, да не бидам предизвикан одважно да истапам, како што мислам да истапам кон некои, што за нас сметаат дека живееме по телото. 3#Рим 13,12Зашто, иако живееме во тело, ние не војуваме според телото. 4#6,7; Рим 13,12; Ефес 6,11Оружјето на нашето војување не е телесно, но, со Божја помош, е силно за рушење на тврдини. 5#2,9; 7,15; Ис 2,11-18; 7,15; Рим 1,5Со него ние уништуваме мудрувања и секаква горделивост што се крева против познанието за Бога, и ја заробуваме секоја мисла за да Му биде послушна на Христос; 6и кога ќе се исполни вашата послушност, спремни сме да казниме секаква непослушност. 7#11,23; 1 Кор 1,12На надворешноста ли гледате? Ако некој е уверен во себе дека е Христов, нека размисли повторно, та да увиди дека, како што е тој Христов, така сме и ние Христови. 8#11,16; 12,6; 13,10; Ер 1,10Зашто, дури и да се пофалам малку повеќе со нашата власт, која ни ја даде Господ за ваше изградување, а не за разорување, нема да се посрамам. 9Но никој нека не помисли дека преку посланијата ве заплашувам. 10#10,1; 11,6Бидејќи посланијата, ќе рече некој, навистина му се значајни и силни, но неговата телесна појава – неубедлива; а проповедта безвредна. 11#10,2; 12,20; 13,2.10Таквиот нека го разбере ова: какви што сме во словото на посланијата кога сме отсустни, такви сме и на дело кога присуствуваме. 12#3,1; 5,12; Гал 6,4Зашто не се осмелуваме да се вбројуваме или да се споредуваме со некои од оние што сами се препорачуваат; тие не разбираат дека се споредуваат сами со себе и се мерат само со себе. 13#Рим 15,19; Кол 1,25Ние, пак, нема да се фалиме прекумерно, туку според определената мерка којашто Бог ни ја одредил – мерката којашто допира сѐ до вас. 14Зашто ние не посегаме преку својата мера, како да не сме стигнале до вас, туку дури и до вас допревме со благовестието Христово. 15#Рим 15,20Не се фалиме прекумерно со туѓиот труд, но се надеваме дека со растењето на вашата вера и ние, според нашата мера, изобилно ќе пораснеме меѓу вас, 16за да го проповедаме благовестието и подалеку од вас, а не да се фалиме со сработеното во туѓа област. 17#Ер 9,24; 1 Кор 1,31„Кој се фали, нека се фали во Господа!“ 18Зашто, не е признаен оној што самиот себе се препорачува, туку оној кого што Господ го препорачува.
Селектирано:
2 Коринтјаните 10: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023