2 Коринтјаните 9
9
Дарежливоста на Коринтјаните
1 #
8,4.20 Во врска со помагањето на светиите, сметам дека е излишно да ви пишувам, 2зашто ја познавам вашата спремност, за која се фалам со вас пред Македонците: дека Ахаја приготвила помош уште од лани и дека вашата ревност поттикна мнозина. 3#8,24А браќата ги испратив за да не биде напразна нашата пофалба за вас, туку, како што велев, да бидете приготвени, 4па, ако дојдат со мене Македонци и ве најдат неприготвени, да не останеме посрамени ние – да не речам вие, откако ве пофаливме со толкава увереност. 5Затоа, сметав дека е потребно да ги замолам браќата претходно да дојдат кај вас, за да го приготват вашиот претходно ветен дар, па да биде приготвен како дар, а не како изнуда. 6#Изреки 11,24.25; 19,17Ова, пак, ви го велам: кој скржаво сее, скржаво и ќе жнее; а кој богато сее, богато и ќе жнее. 7#Изреки 22,8Секој да дава како што одлучил во срцето, а не со жал или принуда; зашто Бог го љуби оној што дава од срце. 8А Бог може изобилно да излее секаква благодат врз вас, та имајќи секогаш, и во сѐ, секакво изобилство, да преуспевате во секое добро дело. 9#Пс 111,9Како што е напишано: „Раздаде, им даде на сиромашните; Неговата правда останува довека.“ 10#Ис 55,10; Ос 10,12А Оној Кој му дава на сејачот семе и леб за храна, Тој ќе го умножи и вашето семе, и ќе направи да изобилуваат плодовите на вашата правда, 11#1,11; 4,15па во сѐ да се збогатите за секаква дарежливост, која преку нас предизвикува благодарност кон Бога. 12#1,11; 1 Кор 16,1Бидејќи извршувањето на тоа служење не само што ги надополнува потребите на светиите, туку и во мнозина предизвикува обилна благодарност кон Бога; 13#Дела 2,42и тие, користејќи ги плодовите од тоа служење, Го прославуваат Бога за вашето покорно исповедање на Христовото благовестие и за дарежливоста на вашата заедница со нив и со сите други. 14А тие, со молитви за вас, копнеат по вас поради преизобилната Божја благодат пројавена на вас. 15#8,9 Да Му благодариме на Бога за Неговиот неискажлив дар!
Селектирано:
2 Коринтјаните 9: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023