Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 4

4
1Потоа имав друго видение. На небото видов отворена врата. Тогаш ми проговори истиот глас, силен како од труба, како и на почетокот, и ми рече: „Искачи се овде, за да ти покажам што ќе се случува во иднината!“
2Тогаш паднав во занес и таму, на небото, видов престол и Некој што седи на престолот.
3Ликот на Тој што седеше на престолот Му блескаше како скапоцените камења јаспис и карнеол. Околу престолот имаше круг од божилак, со боја на смарагд.
4Исто така, околу централниот престол имаше дваесет и четири други престоли. На нив седеа дваесет и четири старешини, облечени во бели облеки, со златни венци на главите.
5Од централниот престол излегуваа молскавици, грмежи и татнежи. Пред престолот гореа седум факли кои Го претставуваа седумкратниот Божји Дух.
6Исто така, пред престолот се простираше нешто што прилегаше на стаклено море, бистро како кристал. Околу централниот престол имаше четири живи суштества полни со очи и однапред и одназад.
7Првото суштество беше како лав, второто како јунец, третото со лице на човек, а четвртото беше како орел во лет.
8Секое суштество имаше по шест крилја, и беа полни со очи и однадвор и однатре. Овие суштества деноноќно и без прекин викаат: “Свет е, свет е, свет е Господ, Семоќниот Бог, Кој отсекогаш постоел, постои и ќе дојде!“
9Секојпат кога четирите суштества Му оддаваа слава, чест и благодарност на Оној што седеше на престолот - на Вечно Живиот -
10во истиот миг дваесет и четирите старешини паѓаа ничкум и Му се поклонуваа на Вечно Живиот, положувајќи ги своите венци пред престолот и говорејќи:
11„Достоен Си, Господе и Боже наш, да примиш слава, чест и власт, зашто Ти си Творецот на се, и се што постои, Тебе Ти го должи своето постоење и создавање!“

Селектирано:

Откровение 4: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност