Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 3

3
1До гласникот на црквата во Сард, напиши го следново: “Ова ви го порачува Оној што Го држи седумкратниот Божји Дух и седумте ѕвезди: Вашите дела Ми се познати. Иако за вас се говори како за живи, вие сте мртви!
2Разбудете се и закрепнете го она малку што ви останало, и што е веќе на умирање! Утврдив дека тоа што го правите е далеку од совршено во очите на Мојот Бог!
3Вратете се на учењето што ви беше предадено и што го чувте на почетокот. Држете се до него и покајте се од вашите гревови. Ако не се разбудите, ќе дојдам кај вас кога најмалку се надевате, како кога упаѓа провалник!
4Сепак, некои од вас во Сард не си ги извалкаа облеките во грев. Тие ќе Ме придружуваат во бели облеки, бидејќи се достојни за тоа.
5Секој што ќе излезе како победник ќе биде облечен во бели облеки; нивните имиња никогаш нема да бидат избришани од Книгата на животот. Кога нивните имиња ќе бидат читани во присуство на Мојот небесен Татко и на Неговите ангели, Јас нив јавно ќе ги признаам за Мои.
6Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите!“
7„До гласникот на црквата во Филаделфија напиши го следново: Ова ви го порачува Светиот, Вистинитиот, Оној што ги има клучевите на Давид, Оној што отвора врати и никој не може да ги затвори, а кога ќе затвори - никој не може да отвори!
8Вашите дела Ми се познати. Пред вас поставувам отворена врата што никој не ќе може да ја затвори! Зашто, и покрај малата сила што ја имате, вие останавте послушни на Мојата порака и не одрековте дека сте следбеници на Моето име.
9Еве, ќе видите што ќе им направам на припадниците на сатанското собрание, тие лажговци кои тврдат дека се Божји народ, а не се. Ќе ги натерам да дојдат кај вас и да ви клекнат на колена, за да сфатат дека Мојата љубов е спрема вас!
10Бидејќи вие бевте послушни спрема Мојата порака и издржавте, затоа Јас ќе ве заштитам од времето на искушение што ќе ги зафати сите жители на Земјата.
11Ќе се вратам набргу! Задржете го цврсто она што го имате и никој нема да ви го земе венецот што ќе го добиете како награда!
12Секој што ќе излезе како победник ќе стане столб во Храмот на Мојот Бог. Никој не ќе може да го избрка оттаму! Врз секој од нив ќе напишам дека Му припаѓа на Бог и дека е жител на Божјиот град - новиот Ерусалим, што слегува од небото, откај Мојот Бог. Тие ќе го носат на себе Моето ново име.
13Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите!“
14„До гласникот на црквата во Лаодикеја напиши го следново: Ова ви го порачува Тој што е Амин, Верниот Сведок на вистината, Зачетникот на Божјите созданија:
15Вашите дела ми се познати! Вие не сте ни студени ни жешки! Барем да бевте или студени или жешки!
16Вака, бидејќи не сте ни жешки ни студени, туку сте млаки - ќе ве изблујам од Мојата уста!
17Вие велите: ,Богати сме, си имаме напластено големи богатства и ништо не ни треба!‘ Но вие не сте свесни дека сте за жалење: мизерни, бедни, слепи и голи!
18Ве советувам од Мене да си купите злато во оган пречистено, та да се збогатите; и бели облеки, за да си ја покриете голотијата; и маст за очите, за да прогледате!
19Јас ги укорувам и ги дисциплинирам сите што ги љубам. Затоа, бидете решителни и покајте се!
20Еве, Јас стојам пред вратата и тропам. Ако некој Ме чуе и Ми отвори, Јас ќе влезам во неговиот дом и ќе вечераме заедно, како пријатели.
21Оние што ќе излезат како победници, ќе седат заедно со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и сега заедно со Мојот небесен Татко седам на Неговиот престол.
22Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите!“

Селектирано:

Откровение 3: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност