Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 9:2-10

Марко 9:2-10 MNT

Шест дена по ова, Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и ги поведе насамо на една висока планина. Таму, пред нивните очи Тој се преобрази, така што облеката му стана блескаво-бела, како што не би можела да се избели со ниедно белило на Земјата! Заедно со Него се појавија и Мојсеј и пророкот Илија кои разговараа со Исус. Тогаш Петар Му рече на Исус: „Учителе! Колку ни е убаво овде! Да направиме три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“ Ова го рече не знаејќи што друго да каже, зашто тие беа многу исплашени. Во тој момент ги засени еден густ облак, а од облакот проговори глас: „Ова е Мојот Син, Мојот Љубимец; Него слушајте Го.“ Учениците тогаш се обѕрнаа околу себе, но Го видоа само Исуса и никој друг. Додека слегуваа од планината, Исус им рече: „Никому не кажувајте му за ова што го видовте, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите.“ Тие Го послушаа, но меѓу себе се прашуваа: „Што сакаше да каже со воскреснувањето од мртвите?“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност