По неколку дена се собраа околу сто и дваесет Христови следбеници. Петар стана и им се обрати: „Драги пријатели христијани! Уште пред неколку столетија, Светиот Дух ја претскажа судбината на Јуда Искариот, преку зборовите искажани од царот Давид, запишани во Светото Писмо. Значи, тоа што се случи со Јуда, предводникот на оние што го уапсија Исуса, беше претскажано и мораше да се исполни, иако Јуда беше еден од нас и работеше заедно со нас.“
Прочитај Дела Ап. 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела Ап. 1:15-17
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа