Дела 1:15-17
Дела 1:15-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
По неколку дена се собраа околу сто и дваесет Христови следбеници. Петар стана и им се обрати: „Драги пријатели христијани! Уште пред неколку столетија, Светиот Дух ја претскажа судбината на Јуда Искариот, преку зборовите искажани од царот Давид, запишани во Светото Писмо. Значи, тоа што се случи со Јуда, предводникот на оние што го уапсија Исуса, беше претскажано и мораше да се исполни, иако Јуда беше еден од нас и работеше заедно со нас.“
Дела 1:15-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И во тие дни Петар стана меѓу браќата (а беа се собрале околу сто и дваесет души) и рече: „Мажи браќа! Требаше да се исполни напишаното што го беше претскажал Светиот Дух преку устата Давидова за Јуда, водачот на оние што Го фатија Исус, зашто тој беше вброен меѓу нас и беше примил дел од оваа служба
Дела 1:15-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А во тие дни Петар стана, меѓу браќата, а имаше собрано множество - околу сто и дваесет души - и рече: “Браќа, требаше да се исполни Писмото, што Светиот Дух го прорече преку Давидовата уста, за Јуда, кој им беше предводник на оние, кои Го фатија Исуса; тој беше во нашиот број и беше добил дел од службава.