Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ТИТ 1:1-9

ТИТ 1:1-9 MKB

Павле, Божјиот слуга и апостол на Исуса Христа, според верата на Божјите избраници и познавањето на вистината, која е според побожноста, во надежта за вечен живот, што пред вечни времиња го вети Бог, Кој не лаже, а во свое време го јави Своето Слово преку прогласувањето, што ми е доверено мене според заповедта на Бога, нашиот Спасител - до Тит, вистинското чедо на заедничката вера: благодат, милост и мир од Бог Таткото и Господа Исуса Христа, нашиот Спасител. Затоа те оставив на Крит, за да го средиш несвршеното и за да поставиш старешини по сите градови, како што ти наредив: ако е некој непорочен, маж на една жена, ако има деца кои веруваат, кои не се обвинети заради разузданост или непокорност; зашто епископот како Божји домоуправител треба да биде непорочен: не самољубив, не гневлив, не пијаница, не тепач, не лаком за срамна печалба, туку гостољубив, пријател на доброто, разумен, праведен, благочестив, воздржлив, кој се држи цврсто за верното слово, согласно со науката, за да може и да опоменува во здравата наука и да ги изобличува оние кои се противат.