Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПЕСНА НАД ПЕСНИ 2:8-17

ПЕСНА НАД ПЕСНИ 2:8-17 MKB

Гласот на мојот возљубен! ете го, доаѓа, прелетува преку гори, прескокнува брегови. Мојот возљубен е како срна, тој е како еленче. Ете, тој стои зад нашиот ѕид; гледа низ прозорците, наѕира низ решетките. Мојот возљубен почнува да ми зборува: „Стани, моја возљубена, убавице моја, и дојди! зашто, ете, зимата веќе помина, дождот замина и прекрати. Цвеќињата се покажуваат по земјата, дојде време за пеење; и грличиниот глас се слуша во нашиот крај. Смоквата ги исфрли првите плодови, лозјето мириса во цветање. Стани, моја возљубена, убавице моја, и дојди! Гулабице моја, во каменливи пештери, во стрмните и карпести засолништа! дај да ти го видам лицето и да ти го чујам гласот; зашто твојот глас е милозвучен, а твоето лице е прекрасно!“ Ловете ги лисиците, малите лисици, што ги оштетуваат лозјата, нашите лозја во цутењето. Мојот возљубен ми припаѓа мене, а јас нему; тој пасе меѓу лилјаните. Пред денот да издивне и пред да се спуштат сенките, врати се, возљубен мој: биди лесен како срна, како срниче на гората Бетер.