Јас сум саронски цвет, лилјан во долина! Што е лилјанот меѓу трњето, тоа е мојата возљубена меѓу девиците. Што е јаболкницата сред горските дрва, тоа е мојот возљубен меѓу младите. Сакам да седам во нејзината сенка; а нејзините плодови му се слатки на моето грло. Ме воведе во собите на виното и ме покри со знамето на љубовта. Поткрепете ме со колачиња, освежете ме со јаболка, зашто јас сум изнемоштена од љубов. Неговата лева рака ми е под главата, а со десната ме прегрнува. Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, во полските срни и елени, не ја будете и не ја тревожете мојата љубов, додека самата не посака.
Прочитај ПЕСНА НАД ПЕСНИ 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПЕСНА НАД ПЕСНИ 2:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа