Песна над песните 2:1-7
Песна над песните 2:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Возљубената: Јас сум цвет во рамнината шаронска, крин цвеќе во долина! Возљубениот: Она што е кринот меѓу трњето, тоа е мојата возљубена меѓу момите. Возљубената: Она што е јаболкницата меѓу шумските дрвја, тоа е мојот возљубен меѓу момците. Во сенката нејзина сакам да седам; плодовите нејзини се слатки за грлото мое. Тој ме воведе во куќата за гозба, и знамето негово над мене беше љубов. Поткрепете ме со слатки од грозје, освежете ме со јаболка, зашто сум болна од љубов. Левата рака негова ми е под главата, а со десната ме прегрнува. Возљубениот: Ве заколнувам ќерки ерусалимски, во срните и во полските кошути: немојте да ја разбудувате и да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака.
Песна над песните 2:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Јас сум саронски цвет, лилјан во долина! Што е лилјанот меѓу трњето, тоа е мојата возљубена меѓу девиците. Што е јаболкницата сред горските дрва, тоа е мојот возљубен меѓу младите. Сакам да седам во нејзината сенка; а нејзините плодови му се слатки на моето грло. Ме воведе во собите на виното и ме покри со знамето на љубовта. Поткрепете ме со колачиња, освежете ме со јаболка, зашто јас сум изнемоштена од љубов. Неговата лева рака ми е под главата, а со десната ме прегрнува. Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, во полските срни и елени, не ја будете и не ја тревожете мојата љубов, додека самата не посака.