Лого на YouVersion
Икона за пребарување

РИМЈАНИТЕ 16:1-14

РИМЈАНИТЕ 16:1-14 MKB

Ви ја препорачувам нашата сестра Фива, која е на служба во црквата во Кенхреа: да ја примите во Господа, како што им прилега на светите, и помогнете ѝ во сѐ, во што ќе има потреба од вас; зашто и таа им помагаше на мнозина и на мене самиот. Поздравете ги моите соработници во Христа Исуса: Прискила и Акила, кои ги подметнаа своите вратови за мојот живот и на кои не им благодарам само јас, туку и сите цркви од народите, и црквата во нивниот дом! Поздравете го мојот возљубен Епенет, кој е првиот плод за Христа од Азија! Поздравете ја Марија, која се трудеше многу за вас! Поздравете ги Андроника и Јунија, моите роднини и другари во заточеништвото; кои се угледни меѓу апостолите и кои поверуваа во Христа пред мене. Поздравете го мојот возљубен во Господа Амплија! Поздравете ги: нашиот сотрудник во Христа - Урбан и мојот возљубен Стахиј! Поздравете го Апелиј, испитаниот во Христа! Поздравете ги оние од кружокот на Аристовулови! Поздравете го мојот роднина Иродион! Поздравете ги оние и од Наркисовиот кружок, кои се во Господа! Поздравете ги Трифена и Трифоса, жените, кои се трудат во Господа! Поздравете ја возљубената Персида, која се трудеше многу во Господа! Поздравете го Руф, избраниот во Господа, и неговата мајка и моја! Поздравете ги Асинкринта, Флегонта, Ерма, Патрова, Ермија и браќата, кои се со нив!