Римјаните 16:1-14 - Compare All Versions
Римјаните 16:1-14 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Ви ја препорачувам нашата сестра Фиба, која служи во црквата во Кенхреа. Таа наскоро ќе ве посети. Пречекајте ја срдечно, како што им прилега на Божји луѓе. Помогнете и со се што ќе и треба, бидејќи и таа им помагаше на многумина, а ми помогна и мене. Поздравете ги Приска и Акила, кои соработуваат со мене во мојата мисија за Исус Христос. Тие си ги ризикуваа сопствените животи заради мене. Ним не сум им благодарен само јас, туку и сите цркви меѓу неевреите. Поздравете ја и црквата што се собира во нивниот дом. Поздравете го мојот драг пријател Епенет. Тој е првиот христијанин од Азија. Поздравете ја Марија, која многу работеше за вас. Поздравете ги моите роднини Андроник и Јуниј, со кои заедно бевме в затвор. Тие се многу почитувани меѓу апостолите и уште пред мене беа Христови следбеници. Поздравете го мојот драг пријател во Господ, Амплијат. Поздравете го Урбан, наш соработник во Христовото дело; поздравете го и мојот драг пријател Стахиј. Поздравете го Апелиј, потврден следбеник на Христос. Поздравете го семејството на Аристобул. Поздравете го мојот роднина Иродион. Поздравете ги христијаните од семејството на Наркис. Поздравете ги Трифен и Трифос, кои трудољубиво работат за Господ. Поздравете ја мојата драга пријателка Персида, која многу работеше за Господ. Поздравете го Руф, избраник на Господ. Поздравете ја и неговата мајка, која и мене ми беше како мајка. Поздравете ги Асинкрит, Флегон, Ермин, Патроб, Ерман и нашите пријатели христијани што се со нив.
Римјаните 16:1-14 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Ви ја препорачувам нашата сестра Фива, која е служителка на црквата во Кенхреја: примете ја во Господ, како што им прилега на светии, и помогнете ѝ во она во што ќе има потреба од вас, бидејќи и таа им беше помошничка на мнозина, а и мене. Поздравете ги Прискила и Акила, моите соработници во Христос Исус, кои за мојата душа ја положија својата глава; ним им благодарам не само јас, туку и сите цркви од скорообратените незнабошци и нивната домашна црква. Поздравете го мојот возљубен Епенет, кој е првиот плод во Христос за Азија. Поздравете ја Маријам, која многу се грижеше за вас. Поздравете ги Андроник и Јуниј, моите сонародници и созатвореници, кои се прочуени меѓу апостолите и кои уште пред мене станаа Христови. Поздравете ми го возљубениот во Господ Амплијат! Поздравете го нашиот соработник во Христос Урбан и мојот возљубен Стахиј! Поздравете го докажаниот верник во Христос Апелија! Поздравете ги домашните од Аристовуловото семејство! Поздравете го мојот сонародник Иродион! Поздравете ги домашните на Наркис, тие, кои се во Господ. Поздравете ги Трифен и Трифос, трудбеничките за Господ. Поздравете ја почитуваната Персида, која многу се трудеше за Господ. Поздравете го избраниот во Господ Руф, како и неговата и моја мајка! Поздравете ги Асинкрит, Флегонт, Ермин, Патрова, Ерма и браќата со нив!
Римјаните 16:1-14 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Ви ја препорачувам нашата сестра Фива, која е на служба во црквата во Кенхреа: да ја примите во Господа, како што им прилега на светите, и помогнете ѝ во сѐ, во што ќе има потреба од вас; зашто и таа им помагаше на мнозина и на мене самиот. Поздравете ги моите соработници во Христа Исуса: Прискила и Акила, кои ги подметнаа своите вратови за мојот живот и на кои не им благодарам само јас, туку и сите цркви од народите, и црквата во нивниот дом! Поздравете го мојот возљубен Епенет, кој е првиот плод за Христа од Азија! Поздравете ја Марија, која се трудеше многу за вас! Поздравете ги Андроника и Јунија, моите роднини и другари во заточеништвото; кои се угледни меѓу апостолите и кои поверуваа во Христа пред мене. Поздравете го мојот возљубен во Господа Амплија! Поздравете ги: нашиот сотрудник во Христа - Урбан и мојот возљубен Стахиј! Поздравете го Апелиј, испитаниот во Христа! Поздравете ги оние од кружокот на Аристовулови! Поздравете го мојот роднина Иродион! Поздравете ги оние и од Наркисовиот кружок, кои се во Господа! Поздравете ги Трифена и Трифоса, жените, кои се трудат во Господа! Поздравете ја возљубената Персида, која се трудеше многу во Господа! Поздравете го Руф, избраниот во Господа, и неговата мајка и моја! Поздравете ги Асинкринта, Флегонта, Ерма, Патрова, Ермија и браќата, кои се со нив!