Лого на YouVersion
Икона за пребарување

РИМЈАНИТЕ 13

13
1Секоја душа да им се покорува на претпоставените власти, зашто нема власт, а да не е од Бога; и колку и да се властите, од Бога се поставени. 2Затоа оној, кој ѝ се противи на власта, ѝ се противи на Божјата наредба; а кои ѝ се противат, ќе ја примат својата осуда. 3Зашто владетелите не се страв за добро дело, туку за зло. Сакаш ли пак да не се боиш од власта, прави добро, па ќе бидеш пофален од неа. 4Таа Му служи на Бога за твое добро. Но, ако правиш зло, бој се; зашто не носи напразно меч. Таа е во служба на Бога, гневен одмаздник за оној, кој прави зло. 5Затоа треба да ѝ се покорувате, не само поради гневот, туку и заради совеста. 6Затоа плаќате и даноци, зашто се Божји службеници, кои се занимаваат со тоа. 7Дајте му секому она што сте му должни: кому данок - данок; кому царина - царина; кому страв - страв; кому чест - чест!
8Не должете му никому ништо, освен да се љубите еден друг, зашто кој го љуби другиот, го исполнува Законот. 9Зашто заповедите: „Не прави прељуба! Не убивај! Не кради! Не посакувај!“ - и ако има уште некоја друга заповед - содржани се во овие зборови: „Љуби го својот ближен како себеси!“ 10Љубовта не му прави зло на ближниот. И така: љубовта е исполнување на Законот.
11И правете го тоа затоа што го знаете времето во кое сме, зашто е веќе време да се разбудите од сонот; зашто сега спасението ни е поблизу, отколку кога поверувавме. 12Ноќта помина, а денот наближи. Затоа да ги офрлиме делата на темнината, а да се облечеме во оружјето на светлината! 13Да одиме пристојно како дење, не во гозби и пијанки, не во блуд и страстољубие, не во препирки и зависти, 14туку облечете се во нашиот Господ Исус Христос, и не мислете како да ги задоволите похотите на телото.

Селектирано:

РИМЈАНИТЕ 13: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност