Лого на YouVersion
Икона за пребарување

РИМЈАНИТЕ 12

12
Опомени и совети
1Затоа ве молам, браќа, заради Божјата милост, да ги принесете вашите тела во жива, света и угодна жртва на Бога, тоа да биде ваша разумна служба. 2Немојте да се прилагодувате со овој свет; туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да ја дознаете која е добрата, угодна, и совршена Божја волја!
3Зашто, преку благодатта што ми е дадена, му велам на секој еден помеѓу вас: да не мисли за себе повеќе отколку што треба да мисли - туку мислите нека ви бидат насочени кон разумно размислување, според мерата на верата, која Бог му ја доделил секому. 4Зашто, како што во едно тело имаме многу членови, а сите членови немаат иста служба, 5така и ние, мнозината, сме едно тело во Христа, а како поединци - членови сме еден на друг. 6И имаме разни дарби, според дадената ни благодат: ако е пророштво, нека е согласно со верата! 7Ако е служење нека служи! Ако е некој учител - нека поучува! 8Кој има дар за утеха - нека утешува! Кој раздава, нека дава богато! Кој управува, нека биде ревносен! Кој покажува милост, нека го прави тоа весело!
9Љубовта нека ви биде нелицемерна! Отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто! 10Љубете се еден друг срдечно со братска љубов! Натпреварувајте се во почитување еден кон друг! 11Бидете неуморни во ревноста! Бидете пламени во духот! Служете Му на Господа. 12Радувајте се во надежта, бидете трпеливи во неволја; постојани во молитва! 13Помагајте им на светите во нивните потреби! Ревнувајте во гостољубие! 14Благословувајте ги оние, кои ве гонат: благословувајте ги, а не проколнувајте ги! 15Радувајте се со оние, кои се радуваат и плачете со оние, кои плачат! 16Бидете едномислени едни кон други! Не стремете се кон високи нешта, туку држете се за скромните! Не сметајте се сами себеси мудри! 17Никому не враќајте зло за зло! А размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе! 18Ако е можно, доколку зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе! 19Не одмаздувајте се за себе, возљубени; туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе ја отплатам! - говори Господ.“ 20Туку, ако твојот непријател е гладен, нахрани го; ако е жеден - напој го! Зашто, ако го правиш тоа, ќе натрупаш жар на неговата глава.“ 21Не оставај да те победи злото; туку победи го злото со добро!

Селектирано:

РИМЈАНИТЕ 12: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност