Алилуја! Фалете Го Господовото име, фалете Го, Господови слуги, Кои престојувате во Господовиот дом, во дворовите на Домот на нашиот Бог! Фалете Го Господа, зашто Господ е благ, пејте Му на Неговото Име, зашто тоа е мило. Зашто Господ го избра Јакова за Себеси, Израел за драга сопственост. Знам дека Господ е Велик, дека е Господар над сите богови. Што и да Му се допадне на Господа, тоа го прави на небото и на земјата, во морето и во бездните. Облаци крева од крајот на земјата, му создава молњи на дождот, го вади ветрот од неговите засолништа. Тој ги погуби првородените во Египет, луѓето и добитокот еднакво. Тој испрати знаци и чудеса сред тебе, Египете, против фараонот и сите негови слуги. Тој погуби многу народи и погуби моќни цареви: аморејскиот цар Сихон, и васанскиот цар Ог, и сите ханаански царства. И му ја даде нивната земја во наследство, во наследство на Израел, на Својот народ.
Прочитај ПСАЛМИ 135
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПСАЛМИ 135:1-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа